Од денеска, повторно сообраќаат возови, но само од Скопје до Гевгелија и до Велес – до Битола нема
ЈП Железници инфраструктура соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во сообраќај патничките возови кои беа запрени поради изведување градежни работи на пругата Скопје – Велес, како дел од активностите за проектот „Градски воз“ во делот од станица Скопје до станица Зелениково.
Прекинот во сообраќањето на возовите траеше од 22. минатиот месец, од кога се одвиваа ремонтни активности за првата фаза од „Градски воз“ за поврзување од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен центар.
Според најавата, повторно ќе почнат да сообраќаат патничките возови:
На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) на ден 3.7.2026 год. 631 (16.55); на ден 2.7.2026 год
На релација Гевгелија – Скопје: 632 (17.02) на ден 3.7.2026 год. и 630 (04.30) на ден 3.7.2026 год.
На релација Скопје – Велес: 2083 (22.40); на ден 2.7.2026 год.
На релација Велес – Скопје: 600 (05.00). на ден 3.7.2026 год.
– На релација Скопје – Битола – Скопје возовите 640 (03.10) ,641 (07.06): 644 (18.22) и 645 (20.05); нема да сообраќаат: На релација Битола – Велес – Битола возовите 642 (12.46) и 643 (15.25); нема да сообраќаат – информира ЈП МЖ Инфраструктура.