Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња


Се запали гнездо во Росоман, спасени и згрижени се мајка и три млади штркчиња. Пожарот избувнал од засега непознати причини, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите птиците биле спасени.

– Откако ги спасивме птиците, добри луѓе ги згрижија во Росоман и, како што ни рекоа, утре најверојатно ќе им направат ново гнездо во кое ќе бидат сместени, изјавија од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.

Според очевидци благодарение на брзата интервенција на кавадаречките пожарникари штрковите биле спасени.