Срната која беше удрена на патот кон Кичево е хоспитализирана
Срната која била удрена на патот кон Кичево е хоспитализирана и се наоѓа во животозагрозувачка состојба, информираат од здружението „Анимал воис“, од каде што објавија детали за нејзините повреди и апелираа за помош за лекувањето.Ветеринарниот тим веднаш презел мерки за нејзино стабилизирање, а прегледите покажале сериозни повреди. Срната има скршеници на вилицата и задната нога, тешка траума, крвавење во белите дробови и стомачна кила.
Од здружението велат дека на срната ѝ го дале името Мартин и дека ќе направат сѐ што е можно за да ја спасат.
Во текот на ноќта таа ќе остане во ветеринарната клиника под постојан надзор, а поради сериозноста на повредите ќе прима лекови против болка. Доколку состојбата ѝ биде стабилна, утре ветеринарниот тим повторно ќе ја процени и, доколку постојат услови, веднаш ќе биде оперирана. објави Скопје1.мк