СП 2026: Европски репрезентации во меѓусебни дуели во борба за осминафиналето
Торонто– Според денешната програма на Мундијалот Европа ќе има две репрезентации во осминафиналето, а можно е и три бидејќи во два дуела европските селекции играат меѓу себе.
Една од најинтересните двојки од првата нок аут фазата на Светското првенство е дуелот меѓу Хрватска и Португалија. Во Торонто најверојатно една од ѕвездите на репрезентациите Португалија (Кристијано Роналдо) и Хрватска (Лука Модриќ) ќе го има последниот настап во репрезентативниот дрес и двајцата веќе имаат по 40 години, а тешко е да се верува дека по четири години повторно ќе бидат на теренот. Во двата табора даваат максимум нивните капитени да продолжат да играат на ова Светско првенство. Почетокот на дуелот што се игра во Торонто е во 01 часот по полноќ.
Како најава е натпреварот меѓу Шпанија и Австрија што се игра во Лос Анџелес и почнува „европски“ во 21 часот. Шпанија важи за фаворит и се освен пласман во осминафиналето ќе биде изненадување. Во третиот натпревар што се игра во 5 часот во полноќ во Ванкувер играат Швајцарија и Алжир. Швајцарците успеаја да бидат први во групата, па ја „тргнаа“ Канада и сега тие се „домаќини“ во Ванкувер, а воедно и фаворити. На тој начин ќе се борат Европа да добие уште еден претставник во осминафиналето.