Ако САД го освојат Светското, НАСА ќе испрати фудбалска топка на Месечината
Шефот на американската вселенска агенција НАСА, Џеред Ајзекмен, изјави дека ќе испрати фудбалска топка од Светското првенство 2026 на Месечината доколку репрезентација на САД успее да го освои турнирот што е во тек.
„Значи, малку мотивација за САД. Ќе го надминеме Алан Шепард и играњето голф на површината на Месечината, ќе однесеме фудбалска топка на Месечината“, рече тој.
Шепард е познат по тоа што „шверцувал“ две топчиња за голф и импровизирана палка на мисијата Apollo 14 што ја командувал. На 6 февруари 1971 година, астронаутот на НАСА ги погодил топките на Месечината, станувајќи првата личност што го играла овој спорт на друг свет.
Планот за фудбалска топка, за разлика од горенаведениот, би бил официјално одобрена активност. Поддржан е од Ајзекмен и Карлос Гарсиа-Галан, менаџер на програмата Moon Base на НАСА.
„Не знам во кое вселенско летало ќе заврши топката“, рече Ајзекмен за време на второто месечно ажурирање на агенцијата за плановите за изградба на населба со екипаж во близина на јужниот пол на Месечината преку програмата Artemis.
The official FIFA World Cup ball went to space!
We’re working to inspire the next generation by showing how space exploration inspires innovation in sports science — and everyday life. Learn more: https://t.co/CWbI8MFDtp pic.twitter.com/ebJtkpD5uM
— NASA (@NASA) June 20, 2026
„Ќе ви оставам вам да се справите со товарот“, му рече тој на Гарсиа-Галан.
„Го прифаќаме тој предизвик. Ќе биде супер возбудливо да го направиме тоа ако победат. Среќно“, одговори Гарсиа-Галан.
На репрезентација на САД ќе ѝ треба многу среќа за да го освои Светското првенство, кое се одржува во Канада, САД и Мексико. До овогодинешното Светско првенство, репрезентација на САД имаше победено на само два нокаут натпревари во историјата на турнирот, од кои првиот беше во 2002 година кога со 2:0 во осминафианлето го исфрлија Мексико, а вториот дури сега кога со истиот резултат ја елиминираа Босна и Херцеговина во шестнаестинафиналето.
Репрезентација на САД играше подобро од повеќето претходни генерации, освојувајќи ја својата група и пласирајќи се во нокаут фазата. Ги победи Парагвај и Австралија и ззагуби еден несуштински натпревар од Турција. Сепак, тоа беше доволно за првото место.
Американките играа против Босна и Херцеговина во натпреварот од шестнаестинафиналето рано утрово (2 јули) и победија со 2:0, а имаат уште четири тешки натпревари на патот кон конечно освојување на трофејот. Во осминафиналето ќе играат против Белгија.
Ова е 12-то учество на „Јенките“ на Светските првенства. Од 1990 година, кога го прекинаа долгиот пост на неквалификување кој траеше од 1954 година, тие се редовни учесници пропуштајќи го единствено собирот во 2018 во Русија.
Женската репрезентација на САД имаше многу поголем успех на меѓународно ниво, освојувајќи 4 од деветте светски првенства за жени досега. Женскиот турнир, кој исто така се одржува на секои четири години, но прв пат се играше во 1991 година.
Мисијата на Месечината не би била прв пат официјалната топка на Светското првенство да ја напушти Земјата. НАСА веќе испрати една на Меѓународната вселенска станица, каде што астронаутите си играа со неа во модулот Kibo.
„Работиме на инспирирање на следната генерација покажувајќи како истражувањето на вселената ги поттикнува иновациите во спортот и секојдневниот живот“, соопшти агенцијата на X на 20 јуни, во објава што вклучуваше фудбалски снимки од вселената.