Шест од десет Грци бараат политичка промена, седум од десет сметаат дека земјата оди во погрешна насока


Речиси седум од десет анкетирани сметаат дека Грција оди во погрешна насока, 61 отсто одговориле дека на земјата ѝ е потребна политичка промена, додека пак поделено е мислење во однос на тоа дали треба да се распишат предвремени избори, покажува истражувањето на јавното спроведено до „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА […]

Вол Стрит: Акциите во технолошкиот сектор во минус


Фјучерсите (терминските договори) од индексот S&P 500 паднаа во четвртокот навечер, додека трговците го чекаа извештајот за работни места во мај. Акциите на Lululemon Athletica паднаа за 11% по работното време во четвртокот, откако компанијата за спортска облека ги намали своите насоки за заработка и приходи за целата година, наведувајќи неповолни услови. Перспективите на компанијата […]

Нов енергетски шок може да загрози 1,3 милиони работни места во Европа


Европската индустрија може да се соочи со губење на дури 1,3 милиони работни места оваа година ако конфликтот меѓу САД и Иран дополнително ги зголеми цените на енергијата, предупреди во среда европската комисарка за социјални права и работни места Роксана Минзату. Според проценките на Европската комисија, автомобилскиот сектор може да претрпи најголем удар, каде што […]

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи


Министерот за здравство, Азир Алиу, учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Латвија.  Дводневниот  состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен […]

Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва


Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски упатено до рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време доколку сака средба. „Имав можност да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да […]

При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци


На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, […]

Меѓународна награда за директорот на македонскиот КИЦ во Софија


 На свеченото отворање на 15-от јубилеен Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“, кој традиционално се одржува во Созопол, Република Бугарија, Организациониот одбор на фестивалот му ја додели Големата награда за особени заслуги и придонес на директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски. Ова високо признание претставува значаен настан не само за добитникот на […]

Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да дојдеме до збогатениот ураниум


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите […]

Путин: Уставот ми дозволува кандидатура за изборите во 2030 година, но прерано е да се зборува за тоа


Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е прерано да се зборува за негово евентуално учество на претседателските избори предвидени за 2030 година, иако Уставот му дозволува повторно да се кандидира. „Навистина, Уставот дозволува кандидатура во 2030 година, но мислам дека е прерано да се зборува за тоа, навистина е многу рано. Во моментов дури и […]

Тениска бајка: Од квалификации до финале на Ролан Гарос


Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува со изненадувањата на Ролан Гарос откако синоќа се избори за саботното финале. Таа со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4) за два часа игра ја совлада Дијана Шнајдер. Полската тенисерка во моментов се наоѓа на 114.место на ВТА листата и со пласманот во финалето влезе во тениската историја. Таа само […]

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“


 Со претставата „Мачкина глава на Драмски театар од Скопје и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп ќе биде отворен јубилениот, 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На јубилејното отворање на Фестивалот, од 19 часот ќе му претходи изложбата  „60 години театарска меморија“ што ќе опфати патека на театарот од првите почетоци […]

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со […]

Во Тиват денеска Самит ЕУ – Западен Балкан, проширувањето на Унијата во фокусот


Во Тиват денеска ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а главна тема ќе биде проширувањето на Унијата. Со собирот ќе претседава претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, кој претходно ги посети земјите од регионот, додека домаќин е претседателот на Црна […]

Пленарното предавање: „Животот како уметничко дело: филозофија на романтизмот“ на проф. д-р Венко Андоновски


Пленарно предавање: „Животот како уметничко дело: филозофија на романтизмот “, на проф. д-р Венко Андоновски  ќе се одржи денесска во организација на Школата за докторски студии и Филолошкиот факултет „Блаже Конески “. -Како еден од најзначајните современи македонски автори и универзитетски професори, проф. д-р Венко Андоновски со своето богато научно, книжевно и општествено дејствување става […]

Конференција „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“


„Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“ е наслов на конференцијата, што ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија. Конференцијата, како што се наведува во соопштението на Комората, има цел да отвори национален и регионален дијалог за трансформација на високото образование во функција на […]

Промоција на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ на Мојсова-Чепишевска


Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), денеска ќе биде промовирана книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, нејзина поранешна студентка и авторка на магистерски труд посветен на македонската книжевност за деца. […]

Претставничкиот дом на САД одобри помош за Украина и нови санкции против Русија


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот […]

Германија и Франција ќе иницираат нов поттик за проширување на ЕУ на самитот во Тиват


Германија и Франција се подготвени да лансираат нова иницијатива насочена кон забрзување на процесот за пристапување во Европската Унија за земјите од Западен Балкан и за Молдавија, нудејќи им придобивки од подлабока интеграција уште пред полноправно членство. Предлогот, претставен во заеднички документ за позиција во кој ДПА имала увид, повикува земјите кандидатки да добијат награди […]

Променливо облачно со локална нестабилност и температури до 32 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, […]

Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст – Сарај 2026


Свечено отворање на настанот „Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Сарај 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје. Како што се наведува во соопштението на Црвениот крст на РС Македонија настанот свечено ќе го отвори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во рамки на настанот ќе бидат презентирани […]