Конференција „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“
„Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“ е наслов на конференцијата, што ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија.
Конференцијата, како што се наведува во соопштението на Комората, има цел да отвори национален и регионален дијалог за трансформација на високото образование во функција на економскиот развој, конкурентноста, иновациите, задржување на талентираните студенти и создавањето комплетен човечки капитал усогласен со потребите на современиот пазар.
Воведни излагања на настанот ќе имаат претседателот на Комората, Бранко Азески и претседателот на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Комората проф. д-р Марјан Ѓуровски, а на конференцијата ќе има и две панел дискусии со учество на истакнати бизнисмени од Комората, Ристо Јаневски – ОКТА АД, Виктор Мизо – КОСТАЛ Македонија, Андреа Серафимовски – ГРАНИТ АД и претставници од научната фела.
Се очекува да бидат презентирани заклучоци, препораки и иницијативи за унапредување на соработката меѓу универзитетите, бизнис секторот, институциите, младите таленти и другите студенти кои преку проекти и истражувања ќе бидат презентирани пред надлежните домашни и меѓународни институции од страна на Советот за унапредување на квалитетот на високото образование и стратешки истражувања, соопштуваат од Комората.