Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст – Сарај 2026


Свечено отворање на настанот „Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Сарај 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Како што се наведува во соопштението на Црвениот крст на РС Македонија настанот свечено ќе го отвори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани оперативните сили и капацитети на Црвениот крст, како и симулациска вежба за одговор при катастрофи.