ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати


На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар […]

Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health – европска поддршка за реформите во здравството


Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство […]

Тедрос: Температурите во Европа растат двојно побрзо од просекот, потребна е акција за климатските промени


 Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека температурите во Европа растат двојно побрзо од глобалниот просек, што бара забрзана акција за климатските промени, со што се зголемува веројатноста и интензитетот на екстремни топлотни бранови во иднина. Тој на платформата Икс напиша дека не можеме да си дозволиме понатамошни одложувања. […]

Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација


Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците на денешната седница не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од опозициската Левица. На гласањето му претходеше расправа на која подносителите на интерпелацијата, но и пратениците на опозицискиот СДСМ, упатија критики на сметка на министерот за внатрешни работи, обвинувајќи дека […]

Ќе се отвора Институт „Сервантес“ во Скопје, Давкова доби марама инспирирана од романот „Дон Кихот“


Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. -Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, […]

Анеке Брaсинга, лауреат на „Златен венец“: СВП имаат одек што трае долго по фестивалот


Холандската поетеса Анеке Брасинга, добитничка на највисокото признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата денеска на прес-конференција изрази задоволство што се вброи во редот на најзначајните светски творци, добитници на наградата. „Бев многу трогната од тоа внимание. Јас сум првиот холандски поет што ја добива оваа награда и тоа ми претставува голема чест. Со […]

Европскиот регулатор нареди итна проверка на 16 авиони „Ербас А380“


Европскиот регулатор за безбедност во воздухопловството EASA нареди итни инспекции на авионите „Ербас А380“ во флотите на „Емирати“ и „Квантас“ откако беа пронајдени пукнатини во структурните делови на крилата. Инспекторите мора да проверат вкупно 16 авиони, од кои пет мора да бидат проверени пред нивниот следен лет, соопшти EASA според Директивата за пловидбеност што стапи […]

24 јуни во историјата – Започна походот на Наполеон на Русија


  На 24 јуни 1812 година, францускиот император Наполеон Бонапарта започна инвазија на Руската Империја, една од најпознатите воени кампањи во светската историја. Тоа утро, неговите трупи ја преминаа реката Неман, која ја означуваше границата помеѓу империјата на Наполеон и руските територии. Почетокот на кампањата изгледаше како уште една фаза во низа спектакуларни победи за […]

И тоа се случи: Во Русија снема бензин, ќе купува од Индија


    Руските власти се подготвуваат да започнат со увоз на бензин од Индија во голем обем за да се справат со недостигот на гориво во земјата, според нацрт-амандманите на Даночниот законик насочени кон стабилизирање на пазарот на гориво.   Според РБЦ, документот предвидува буџетски субвенции за нафтените компании што купуваат бензин во странство. Овие […]

Наближува рокот за првите даночни пријави за минимален глобален данок на добивка. Еве кој треба да ги поднесе


Управата за јавни приходи ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година врз основа на одредбите од Законот за минимален глобален данок на добивка и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка. Законот предвидува мерки со […]

Во Свети Николе и во Неготино над 1.300 заинтересирани да отворат бизнис со државни пари


Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денес се одржаа во општините Свети Николе и Неготино. Пред жителите на општините Свети Николе и Неготино заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата […]

Хакерски напад на Плитвице: Картичките се одбиваат, продавниците се затворени…


Во Националниот парк „Плитвички Eзера“, како што ни беше кажано, веќе три дена се случува „кибер инцидент“, кој предизвика големи тешкотии во работата. Управата на Националниот парк тврди дека клучните деловни процеси сè уште функционираат, но неофицијалните информации од вработените и гостите укажуваат на значително посериозни прекини на терен. Оние што се отворени прифаќаат само […]

ЗНАМ најмногу ќе настрада од реконструкцијата, Правда оди кај Вреди?


Владините партнери на синоќешната средба за реконструкција на Владата начелно договориле Министерството за здравство да оди кај ВМРО-ДПМНЕ, а Вреди најверојатно ќе го добива ресорот правда. ВМРО-ДПМНЕ го зема и ресорот евроинтеграции, а Вреди треба да се задоволи со ресорот спорт. Двете партии ќе ги разменат и министерствата за социјална политика и за култура. Смена […]

МКС препорача разрешување на главниот обвинител Карим Кан


Надзорниот орган на Меѓународниот кривичен суд (МКС) заклучи дека главниот обвинител Карим Кан имал несоодветен сексуален однос со помлад член на персоналот и препорача негово разрешување, се наведува во документ до кој дојде Ројтерс. Ова е првпат деталите за одлуката за обвинувањата за недолично однесување поднесени од адвокат во 2024 година против Кан, 56-годишен британски […]

Тело на млад човек пронајдено на древно место во Англија. „Убиен е на најбрутален начин“


Покрената е истрага за убиство откако е пронајдено тело на маж во праисторискиот камен круг „Девет дами“, споменик од бронзеното време во Националниот парк Пик Дистрикт во Англија. Откритието се случи по прославата на летната краткоденица, а полицијата соопшти дека 26-годишникот бил убиен на исклучително брутален начин. Полицијата апелира за сведоци Телото е пронајдено во […]

Левица за проектот „Иловица-Штука“: Злато за корпорациите, отрови за народот


левица смета дека зад правните формулации за „почитување на судската одлука“ и „правна сигурност“ Владата на Мицкоски практично призна дека  повторно се враќа на маса проектот „Иловица–Штука“, а државата повторно го отвора патот за еден од најконтроверзните рударски проекти во историјата на Македонија. „Да, судските одлуки мора да се почитуваат, но Владата нема обврска да […]

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција нагласи дека изјавите на Мицкоски за вториот пензиски столб отворија сериозна загриженост кај граѓаните кои со години издвојуваат средства за својата пензиска иднина. Филипче, предупреди дека контрадикторните ставови на премиерот создаваат неизвесност и страв кај и побара власта да одговори дали е загрозен Вториот пензиски столб […]

Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна на АП Криволак


 Уништени се две хемиски гранати со боен отров во текот на вчерашниот ден на армискиот полигон Криволак, соопштија на денешната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар во Дирекцијата. Двајцата укажаа дека евентуалната нивна експлозија во неконтролирани услови може да предизвика штетни па дури и фатални последици по […]

„Реплек“ ги поддржа македонските весписти на пат кон Рим по повод 80-годишнината на Vespa


  Седум членови на Vespa Club Skopje денеска тргнаа на авантура долга повеќе од 1.600 километри кон Рим, каде што ќе се приклучат на големата светска прослава во чест на 80-годишниот јубилеј на легендарната Vespa. Симболиката на ова патување е уште поголема годинава. Додека Vespa го одбележува својот значаен јубилеј, Реплек продолжува да ја гради […]

Јанушев под лупа на Антикорупциска од пред две години


Антикорупциската комисијата веќе ги проверувала податоците за имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, а откако СДСМ дојде пред Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и побара да го истражи „скандалот и неговата поврзаност со бугарска фирма“, Комисијата ќе го проверува и ова во рамките на истиот предмет. – Државната комисија за спречување на […]