СП 2026: Мексико за прв пат во својата историја ги доби сите три натпревари од групната фаза


Мексико Сити – Репрезентацијата на Мексико ноќеска ја победи Чешка со 3:0 во нивниот трет натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026. Мексико ги доби сите три натпревари од групната фаза на Светското првенство за прв пат во својата историја, а исто така и за прв пат од 1970 година, не прими ниту еден гол […]

Нови правила за влез во ЕУ за дел од возачите од 1 јули


Новите правила за меѓународен патен транспорт во Европската Унија стапуваат на сила на 1 јули, со што се донесуваат значајни промени за сопствениците на комбиња и лесни камиони. Според новите прописи, сите лесни комерцијални возила и комбиња со максимална дозволена маса, заедно со приколката, помеѓу 2,5 и 3,5 тони, кои вршат меѓународен превоз на стока, […]

СП 2026: Бразил убедлив против Шкотска


Мајами – Бразил ноќеска ја победи Шкотска со 3:0 во Мајами, САД, во натпревар од третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. Винисиус Жуниор, го отвори резултатот во 7. минута. Истиот играч зголеми на 2:0 во 45+3.минута. Во 60. минута Матеус Куња го постави конечниот резултат. Со две асистенции се истакна и […]

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал


Женева – Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус вчера предупреди дека екстремно високите температури претставуваат растечка закана по јавното здравје и има смртоносен потенцијал, бидејќи многу делови од светот се зафатени од топлотен бран. – Горештините се е една од најсериозните и најбрзо растечките закани по здравјето и безбедноста што ги претставуваат […]

Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора обиколницата кон Солун во двата правци


Од петок, 26.06.2026 во 23:00 часот до недела, 28.06.2026 во 23:00 часот, сообраќајот ќе биде целосно прекинат во двата правци на дел од обиколницата Солун, поради работи на проектот за надвозник, објави Грчка инфо.  – Западен правец (кон центарот на градот Солун) • Затворено од 26.06.2026 во 23:00 часот до 28.06.2026 во 23:00 часот. – […]

Претстави на Театарот за деца и младинци и Турскиот театар денеска на „Скопско лето“


Во рамките на фестивалот „Скопско лето“ денеска во Музејот на Град Скопје ќе биде промовирана книгата „100 години ‘Палјачи’ во Штип (1925-2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ од проф. д-р Наташа Диденко.  Театарот за деца и младинци, пак, од 19 часот ќе ја изведе претставата „Патот на Баба Јага“ од Хана Корнети, во […]

Изложба „Дијалог на форми“ на уметниците Мице Јанкуловски и Блаже Крстаноски


– Во галерија „Остен“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Дијалог на форми“, на која ќе бидат претставени слики од Мице Јанкуловски и скулптури на Блаже Крстаноски. Како што соопшти „Остен“, изложбата го истражува длабокиот дијалог помеѓу двајца автори, две уметнички дисциплини и два креативни света. -Изложбата е место на средба во која […]

СП2026: Швајцарија и Канада во нокаут фазата, БиХ го совлада Катар


Сиетл – Швајцарија синоќа ја победи Канада со 2-1, а Босна и Херцеговина триумфираше над Катар со 3-1 во последното коло од Групата Б на Светското првенство. Швајцарија и Канада обезбедија директен пласман во шеснаесетфиналето, додека Босна и Херцеговина, како третопласирана репрезентација, има реални шанси да стигне до нокаут фазата. На дуелот во Сиетл, репрезентацијата […]

Поезијата сѐ уште има моќ да го менува, па и да го спаси светот: Отворени 65.Струшки вечери на поезијата


Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на […]

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, […]

Трамп ja спомна Македонија и Охридскиот рамковен договор


Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор од 2001 година, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од […]

Софија негира дека од неа протекла дипломатската нота за „патувањето во Пампорово“


  Прво палењето на автомобилите на бугарската амбасада во Скопје, а потоа објавувањето на дипломатската нота од јануари годинава за патувањето на сопругата на премиерот Христијан Мицкоски во зимскиот центар Пампорово во Бугарија од една опскурна Фејсбук група дополнително ги влошија односите меѓу Скопје и Софија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал бугарскиот […]

Елон Маск го загуби статусот билионер по падот на акциите на технолошките компании


Богатството на американскиот технолошки милијардер Елон Маск падна под границата од билион долари (илјада милијарди) откако глобалниот пад на технолошките акции го намали неговиот имот за околу 500 милијарди долари. Овој месец Маск стана првиот човек во историјата чие богатство надмина илјада милијарди долари, по рекордното лансирање на неговата ракетна компанија „Спејс Икс“ на берзата, […]

Урнат облакодерот „Вјесник“, некогаш симболот на Загреб


Тешка механизација што во последните недели го уриваше „Вјесник“ кат по кат, денес ги сруши последните остатоци од познатата зграда. Зградата „Вјесник“, која со години беше препознатлив дел од силуетата на Загреб, а која изгоре во пожар што избувна на 17 ноември 2025 година, е целосно срушена. На местото каде што препознатливиот облакодер стоеше со […]

Ќе го добие ли Вреди и Министерството за култура? 


Откако лани кадри на Вреди  станаа директори на три национални институции од културата,  преку политички договор со владината коалиција, извесно е дека партиите ВМРО и Вреди, според неофицијалните информации, ќе ги разменат и министерствата за социјална политика и за култура, во рамките на најавената реконструкција на Владата. Тоа би значело дека досегашниот министер за култура […]

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец


Деветнаесетгодишниот  Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи.  МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка. Саитов е осомничен за сторени […]

Чешкиот Уставен суд ѝ наложи на Владата да му дозволи на претседателот Павел да присуствува на самитот на НАТО


Чешкиот Уставен суд ѝ наложи на Владата да му дозволи на претседателот Петр Павел да присуствува на самитот на НАТО во Турција следниот месец, потврдувајќи ја жалбата поднесена од претседателот во понеделникот, објавија британските медиуми. Чешката влада, предводена од популистичката Акција на незадоволни граѓани (позната по чешката кратенка АНО) на премиерот Андреј Бабиш, во понеделникот […]

Врачот од Гана ја повлече клетвата од Кејн: „Сега може да постигне гол“


Ганскиот врач објави денеска дека ја повлекол клетвата од Хари Кејн, откако капитенот на англиската фудбалска репрезентација не успеа да постигне гол во ремито без голови вчера против Гана на Светското првенство. Нана Кваку Бонсам, кој себеси се опишува како спиритуалист, пред натпреварот на Англија со Гана во Групата Л изјави дека ќе фрли клетва […]

Роналдињо на 46-годишна возраст потпиша за Равена


 Бразилецот Роналдињо се врати на фудбалот на 46-годишна возраст и ќе настапува за италијанскиот третолигаш Равена, а договорот беше потпишан на голема церемонија одржана во Мајами. „Се враќам на фудбалот со истата насмевка. Едвај чекам повторно да играм фудбал и сакам да напишам нова, прекрасна приказна со Равена. Фудбалот отсекогаш ми носел среќа и радост, […]

Кошаркарите максимално се подготвуваат за дуелот со Ирска


Македонската машка кошаркарска репрезентација влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, од чии исходи ќе зависи конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на […]