Ќе го добие ли Вреди и Министерството за култура? 

Коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) лани ги презеде раководните позиции во Македонската филхармонија, Националната галерија и во Музејот на современата уметност


Фото: Б. Грданоски

Откако лани кадри на Вреди  станаа директори на три национални институции од културата,  преку политички договор со владината коалиција, извесно е дека партиите ВМРО и Вреди, според неофицијалните информации, ќе ги разменат и министерствата за социјална политика и за култура, во рамките на најавената реконструкција на Владата. Тоа би значело дека досегашниот министер за култура и туризам, Зоран Љутков ќе замине од Владата, што беше предмет на шпекулации веќе подолго време во јавноста. Како тоа ќе се одрaзи на стратегијата во културата, кој би бил можниот наследник на Љутков од редовите на Вреди, и како тоа ќе го прими културната и пошироката јавност, се уште е непознаница. 

Коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) лани ги презеде раководните позиции во Македонската филхармонија, Националната галерија и во Музејот на современата уметност. Овој потег предизвика бурни реакции и противења од вработените и синдикатите поради партизирање на културата. 

Македонска филхармонија

Директор: Мустафа Имери, назначен во март 2025 година.
Детали: Тој е првиот Албанец на чело на оваа установа.

Национална галерија

Директор: Д-р Али Синани, назначен во јули 2025 година.
Детали: Тој е сликар од Гостивар.

Музеј на современата уметност (МСУ)

Директор: Авни Ќаили, назначен во декември 2025 година.
Детали: Тој е новинар и композитор.Тој стана првиот Албанец кој ја презема оваа функција, а доаѓа на местото на претходниот вршител на должноста Тихомир Топузовски.

 

Тогаш СДСМ најостро реагираше на „скандалозните партиски поставувања во културните институции, со кои Министерството за култура предводено од Зоран Љутков целосно го урива професионалниот и институционален интегритет на културниот систем во државата“.

И Левица  реагираше за „бруталната партизација која ја продолжува новата власт и дека единствено партиските заслуги (наместо компетентноста) се критериум за поставување директори“. (Л.С.)