Врачот од Гана ја повлече клетвата од Кејн
Ганскиот врач објави денеска дека ја повлекол клетвата од Хари Кејн, откако капитенот на англиската фудбалска репрезентација не успеа да постигне гол во ремито без голови вчера против Гана на Светското првенство.
Нана Кваку Бонсам, кој себеси се опишува како спиритуалист, пред натпреварот на Англија со Гана во Групата Л изјави дека ќе фрли клетва за да го спречи Кејн да постигне гол.
„Сега ќе го ослободам Хари Кејн за да може да постигне гол на следниот натпревар. Хари, ќе дојдам да те посетам“, рече Бонсам во видео објавено на социјалните мрежи.
Кејн постигна два гола во победата на Англија од 4-2 над Хрватска во нивниот прв натпревар на Светското првенство, а на дуелот против Гана, напаѓачот на Баерн Минхен се најде во идеална шанса во судиското продолжение, но од непосредна близина не успеа да постигне гол што ќе ѝ донесеше на Англија победа и пласман во нокаут фазата.