„Реплек“ ги поддржа македонските весписти на пат кон Рим по повод 80-годишнината на Vespa


 

Седум членови на Vespa Club Skopje денеска тргнаа на авантура долга повеќе од 1.600 километри кон Рим, каде што ќе се приклучат на големата светска прослава во чест на 80-годишниот јубилеј на легендарната Vespa.

Симболиката на ова патување е уште поголема годинава. Додека Vespa го одбележува својот значаен јубилеј, Реплек продолжува да ја гради својата приказна во фазата 80+, исполнета со раст, развој, иновации и грижа за луѓето.

Како поддржувач на иницијативата „Road to Rome 2026“, Реплек ги испрати учесниците на нивното патување, кое ќе ги одведе од Скопје, преку Албанија и Италија, до светскиот собир на весписти, кој ќе обедини илјадници љубители на овој препознатлив симбол на слободата на движењето и италијанскиот стил на живеење.

Екипата е предводена од претседателот на Vespa Club Skopje, Митко Теохаров, а покрај него, дел од патувањето кон Рим ќе бидат различни генерации весписти, од искусни моторџии и долгогодишни членови на клубот, до помлади љубители на брендот, обединети од заедничката страст кон патувањата, авантурата и дружењето на две тркала.

По пристигнувањето во Рим, тие ќе учествуваат на централните настани по повод јубилејот, а патувањето потоа ќе продолжи кон југот на Италија, пред враќањето во Македонија на почетокот на јули.

Како дел од својата поддршка и со цел секој километар од патувањето да помине без застој, Реплек подготви специјални патнички пакети (travel kits) со внимателно одбрани производи и практични аксесоари за патување.

Под мотото „РЕцепт за добар пат без застој“, компанијата ја истакнува важноста на добрата подготовка, грижата за себе и активниот животен стил како дел од секоја успешна авантура.