Официјално отворена јубилејната 15. сезона на Aqua Park Пробиштип


Aqua Park Пробиштип, едно од најпрепознатливите летни дестинации во Македонија, денес официјално ја отвори својата 15-та јубилејна сезона, означувајќи го почетокот на уште едно лето исполнето со водени атракции, музика, релаксација и динамична забавна програма за сите генерации. Aqua Park Пробиштип повторно ги отвори вратите за посетителите од целата држава, продолжувајќи ја приказната која веќе […]

Данска: Мете Фредериксен ја претстави својата трета влада


  Данската премиерка Мете Фредериксен денес ја претстави својата трета влада, која обединува четири партии и носи низа промени на најважните министерски места. Според соопштението од кабинетот на данскиот премиер, Фредериксен останува на чело на владата, која има вкупно 21 министер, од кои 11 се жени и 10 се мажи. Една од најважните промени се […]

Нови семафори кај „Макпетрол“ на излез од Скопје


Известување за монтажа на нови семафори на булевар„Александар Македонски“на пешачки премин кај бензиска станица „Макпетрол“ Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 07.06.2026г./недела/ со почеток во  08.00часот. ќе изведуваат активности за монтажа на нови портални семафорски столбови на булевар„Александар Македонски“ на пешачки премин кај бензиската станица„Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали согласно […]

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме


Под влијание на циклонска активност, денеска попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и […]

Ѓорѓиевски од Брисел: Општините имаат клучна улога во евроинтеграциите


 Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој […]

Украински дронови го погодија Петербург, додека во градот се овора „Рускиот Давос“


  Украински дронови погодија енергетски и воени објекти во Санкт Петербург рано во средата, неколку часа пред меѓународните гости да се соберат на водечкиот економски форум на градот, што беше удар за Владимир Путин. Неколку беспилотни летала со долг дострел се урнаа во складишта за нафта откако руската воздушна одбрана неуспешно се обиде да ги […]

ЛДП бара државнички пристап за ЕУ и брзо усвојување на уставните измени


  Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е уште една потврда дека Европската унија ја гледа Македонија како дел од европското семејство, но и потсетник дека напредокот зависи од исполнувањето на обврските што државата веќе ги има преземено, вели денеска во соопштение ЛДП. Либерално-демократската партија смета дека крајно време е политичките партии да […]

ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли пораката на Кошта, бара реципроцитет од Бугарија


  Со денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната изјава на претседателот на Ебропскиот совет, Антонио Кошта се појавува на површина главното прашање: дали владејачката партија воопшто сака Македонија да влезе во ЕУ. Кошта вчера по средбата со премиерот Христијан Мицкоски jа зацементира политиката на ЕУ за нашата држава порачувајќи дека – усвојувањето на договорените уставни […]

Втор форум за Франшиза 2026 – „Како до Франшиза!“


Вториот форум за Франшиза 2026 – „Како до Франшиза!“, ќе се одржи на 10 јуни 2026 година, во Едукативниот центар М6 во Скопје, со почеток во 12 часот. Форумот се одржува по повод Светскиот ден на франшизата, кој се одбележува на 10 јуни, и има за цел да даде значаен придонес кон афирмацијата, развојот и […]

Реплек ја носи РЕсет енергијата во Тиквешијата: Кавадарци ќе вежба со Елена Бубало и Младен Тодоровски


По осум успешни изданија исполнети со позитивна енергија и мотивација, РЕсет платформата на „Реплек“ на 6 јуни пристигнува во Кавадарци, продолжувајќи ја серијата настани низ земјава посветени на здравите навики, активниот животен стил и грижата за добросостојбата. Настанот ќе се реализира со поддршка и учество на фитнес инструкторите Елена Бубало и Младен Тодоровски, кои преку […]

Спортот е дипломатија – ќе се формира и регионален центар


 Спортската дипломатија како алатка за градење доверба, поврзување и економска соработка беше во фокусот на Самитот за спортска дипломатија што денеска се одржа во Скопје, каде беше најавено формирање регионален „Western Balkan Sport Diplomacy Hub“, со цел унапредување на соработката меѓу земјите од регионот и пошироко. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, истакна дека […]

Четвртоодделенци од Карпош наградени во Берлин на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026


Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ постигнаа голем успех во Берлин освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, соопшти Општина Карпош преку социјалните мрежи. Со проектот „Нашето патување на Јупитер“, учениците од 4а, како што велат од Општина Карпош, покажале дека љубопитноста, знаењето и тимската работа можат да донесат меѓународен […]

Од вчера, полицијата „лови“ моторџии


Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли. Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со […]

Митреска: За побрз и поодржлив раст се потребни повисока продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата


Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Северна Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност. Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај […]

Испишана историја на Ролан Гарос


Јакуб Меншик испиша историја на Ролан Гарос. Имено, 20-годишниот Чех го победи Жоао Фонсека со 6:4, 6:3, 7:6(3) и за прв пат во својата кариера стигна до полуфиналето на Гренд Слем. Меншик со тоа стана првиот тенисер роден во 2004 година или подоцна кој стигнал до првите четири на Гренд Слем турнир. Тој, исто така, […]

На денот кога Кошта го потврди СДСМ, Мицкоски го апси Богоев


  СДСМ забележува дека на денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш се отвора предмет за Стефан Богоев.   „Дали има некој што верува во ова партизирано […]

Дојави за бомби во неколку училишта во Србија


Неколку училишта во Белград и Војводина добија дојави за поставени бомби утрово, што беше потврдено од Министерството за внатрешни работи. Известувањето за бомбите беше испратено на е-поштата на училиштата, а според информациите на „Данас“. Слични пријави беа примени утрово во основните и средните училишта во Нови Сад, односно во Јужнобачкиот округ. Пријави за бомба преку […]

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе – издавал неевидентирани дозволи за градење


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи […]

Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра ќе излезе од затвор по помилувањето од кралот


 Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра ќе биде ослободен откако ќе му биде дадено кралско помилување, објави денеска министерот за правда на земјата. На Шинаватра му остануваат за дослужување нешто повеќе од три месеци од неговата едногодишна затворска казна, откако минатиот месец беше условно ослободен по осум месеци затвор, објавија британските медиуми. Според официјалниот кралски весник, […]