Четвртоодделенци од Карпош наградени во Берлин на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026
Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ постигнаа голем успех во Берлин освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, соопшти Општина Карпош преку социјалните мрежи.
Со проектот „Нашето патување на Јупитер“, учениците од 4а, како што велат од Општина Карпош, покажале дека љубопитноста, знаењето и тимската работа можат да донесат меѓународен успех.

Од таму упатија искрени честитки до учениците и нивните ментори за овој значаен успех, за кој велат дека е доказ дека кога на младите им се дава можност да учат и истражуваат, тие можат да достигнат врвни резултати.
„Општина Карпош останува посветена на поддршката на младите, нивното образование, креативност и талент“, порачаа од Општината.