Втор форум за Франшиза 2026 – „Како до Франшиза!“


Вториот форум за Франшиза 2026 – „Како до Франшиза!“, ќе се одржи на 10 јуни 2026
година, во Едукативниот центар М6 во Скопје, со почеток во 12 часот.

Форумот се одржува по повод Светскиот ден на франшизата, кој се одбележува на 10 јуни,
и има за цел да даде значаен придонес кон афирмацијата, развојот и подоброто разбирање
на франшизниот модел во нашата земја. Настанот е во организација на Македонската
Национална Асоцијација за Франшизен развој – МАКФРАН, поддржана од своите членки,
сопственици и корисници на франшизи, како и експерти за франшизни системи.

Овој форум претставува значајна платформа за поврзување на институции, финансиски
организации, правни експерти, претприемачи, инвеститори, франшизери и франшизанти,
со цел поттикнување на нови деловни можности, развој на домашни и меѓународни
партнерства и промоција на франшизата како современ и одржлив модел за раст на бизнисите.

Во рамки на форумот се предвидени две панел-дискусии:
Панел 1: „Франшизата како можност: институционална, финансиска и правна поддршка“
со учество на претставници од академската заедница, институциите, финансискиот сектор,
стопанските комори и правната фела.
Панел 2: „Франшизни практични искуства на франшизери и франшизанти“
посветен на реални искуства, предизвици и можности од практиката на франшизниот
бизнис модел.

Покрај панел-дискусиите, настанот ќе вклучи и саемски дел со изложбени штандови на
франшизи во Македонија, со можност за промоција, вмрежување и директна комуникација со заинтересирани претприемачи, инвеститори и потенцијални партнери.