Отворена истрага во САД за можно инсајдерско тргување со нафта во вредност од 2,6 милијарди долари за време на војната со Иран


Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран, објавија синоќа американските медиуми. Истрагата се однесува на најмалку четири случаи во кои трговците оствариле вкупен профит од повеќе од 2,6 милијарди долари […]

Сиљановска-Давкова: Балансерот водеше кон корупција, затоа го укинавме


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека укинувањето на балансерот не било политичка желба, туку неопходен чекор поради коруптивните ризици што, според неа, ги создавала досегашната пракса. По отворањето на „Генералка викенд“, Сиљановска-Давкова изјави дека не станува збор за „уривање“, туку за систем кој, како што рече, во суштина водел кон корупција и криминализација. „Не мислам дека […]

Вулкан еруптира во Индонезија, загинаа тројца алпинисти – во тек е потрагата по другите 


Тројца алпинисти кои се искачуваа на планината Дуконо во Индонезија загинаа откако утровоеруптираше вулканот. Снимките и фотографиите од ерупцијата на островот Северни Молучки покажуваат дека вулканот исфрла столб пепел во воздух, висок и до 10 километри. Трите жртви беа дел од група од 20 Сингапурци и Индонезијци кои планинареа и покрај ограничувањата. Остатокот од групата […]

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани


Во март годинава се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26.6  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.  Најмногу одобренија за градење,  148, се за високоградба.  Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 62, по што следуваат Скопскиот со 51, Југозападниот, 37, […]

Во недела ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К: Скопје повторно во тркачки ритам


Оваа недела Скопје повторно ќе живее во знакот на спортот, енергијата и натпреварувачкиот дух. На 10 мај, со почеток во 9.00 часот, ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К – меѓународна атлетска трка која и оваа година ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот. Стартот и целта […]

(Видео) Отворање на првата сезона на Плазма Спортските игри за млади


„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации. На настанот, кој обединува над 27.000 деца од […]

Охрид нa 25 јули ќе стане место каде звукот ќе добие поинаква форма – гостува светскиот диџеј Махмут Орхан


На 25 јули, стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе стане место каде звукот ќе добие поинаква форма.Токму таму, еден од најпрепознатливите артисти на глобалната електронска сцена – Махмут Орхан ќе го донесе својот уникатен музички потпис и звук што ја движи публиката ширум светот. Во изминатата деценија, неговото име е дел од најголемите и највлијателни […]

Вработени во Агенцијата за управување со одземен имот продале хаварисани возила за старо железо под цена


 Управители на две правни лица и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Кривичната пријава е поднесена против Н.И. и Б.Г., во својство на управители на правни лица, против две правни лица, […]

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година


Лондон – Според индексот на „Мач бетер адвенчурс“, првото место на листата на најдобри европски дестинации за „соло“ патувања во 2026 година ѝ припадна на Италија. Рангирањето е направено според критериумите за безбедност,  пристапноста на оброците и леснотијата за добивање визи.  Според авторите на истражувањето Италија претставува комбинација од врвна гастрономија, развиена железничка мрежа и […]

Сиљановска побара од Берсе да се имплементираат пресудите на Стразбур за Бугарија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјава. Таа ја истакна улогата на Советот на Европа, како најстара европска институција, којашто повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото, како темелни вредности. Според претседателката, Новиот демократски пакт […]

Денови на детска кариера во Diamond Mall – архитект, инженер, уметник, форензичар, пчелар, лекар и флорист – професиите на возрасните поблиску до децата


 На 10 мај, во 12.00 часот, во атриумот на Diamond Mall ќе се одржи настанот „Денови на детска кариера“, наменет за сите љубопитни деца кои сакаат да истражуваат, учат и откриваат нови интереси. Преку интерактивен пристап, најмладите ќе имаат можност да се запознаат со седум различни професии, да работат на практични задачи и да ги […]

Се побезначајна улогата на првиот дипломат на САД во дипломатијата


Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера отпатува во Рим, во обид да ги поправи односите и со Папата и со италијанската влада по нивните расправии со претседателот Доналд Трамп околу војната во Иран. Тоа е корисна мисија за еден државен секретар. Но, тоа поставува фундаментално прашање: Зошто Рубио не ги предводи дипломатските напори за завршување […]

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција


Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со принципите […]

Сите му вртат грб на Трамп, Мицотакис станува главен поддржувач на МАГА


Никој не треба да биде изненаден што амбасадорот на САД во Атина го повикува претседателот Доналд Трамп да ја прослави 250-годишнината од американската независност во родното место на демократијата – со говор на Акропол ова лето. Додека голем дел од Европа му го врти грбот на Трамп, Грција очигледно ја удвојува врската со MAGA. Премиерот […]

Џејн Фонда се прости од Тед Тарнер: „Ти си сакан и ќе бидеш запаметен“


По смртта на Тед Тарнер (88), медиумскиот могул кој ја основа една од најпознатите телевизиски мрежи во светот, американската CNN, реакциите од целиот свет не престануваат да пристигнуваат. Сепак, најтрогателната почит секако беше онаа што ја напиша неговата поранешна сопруга, актерката Џејн Фонда (88). „Тој влезе во мојот живот, величествено згоден, длабоко романтичен, авантуристички настроен […]

Украински суд ѝ го врати пасошот на Јулија Тимошенко


Високиот антикорупциски суд на Украина не продолжи дел од претходно изречените ограничувања за лидерката на партијата „Баткившчина“ (Татковина) и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осомничена во предмет поврзан со наводно поткупување пратеници во Врховната рада. Според украинските медиуми, судот ѝ го вратил пасошот на Тимошенко и ѝ овозможил да го напушта Киев, како […]

СДСМ му честиташе на Радев за изборот на владата


Венко Филипче преку објава на социјалната мрежа X му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Бугарија и изрази надеж дека новата бугарска влада ќе има конструктивен пристап кон Македонија. Во објавата се наведува дека добрососедските односи треба да се градат во интерес на граѓаните на двете држави, без загрозување на македонскиот национален […]

Грција ја разгледува можноста за набавка на транспортни авиони Ц-390 од Португалија


Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас ја остави отворена можноста земјата да набави транспортни авиони Ц-390 од Португалија за што разговарал на средбата со неговиот португалски колега Нуно Мело за време на посетата на Лисабон, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас по средбата се осврна на билатералните односи меѓу двете земји кои ги […]

14-те научници и колонија пингвини кои се борат за Украина


АРКИПЕЛАГО ВИЛХЕЛМ, Антарктик – Понекогаш, среде долг работен ден или додека заспива, Анжелика Ханчук го гледа својот телефон како оживува од  известување што значи дека Киев е нападнат од руски ракети. Метеорологот е најдалеку што може да биде оддалечен од  украинската престолнина и конфликтот што беснее во нејзината родна земја. Опкружен со остри глечери и […]

Кина бара отворање на Ормускиот теснец по нападот врз нивен танкер


Танкер за нафта во кинеска сопственост беше нападнат во близина на Ормускиот теснец во понеделник, што е прв регистриран напад врз кинески брод откако започна конфликтот меѓу Иран и Ирак кон крајот на февруари. Ескалацијата на тензиите го доведе сообраќајот низ клучниот воден пат, кој носи една петтина од светските резерви на нафта и гас, […]