„Сејф сити“ ќе лови и погрешно паркирање – први на удар булеварите


Системот „Сејф сити“ ќе добие нови функционалности и во следниот период ќе опфаќа поголем број сообраќајни прекршоци, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, целта на проширувањето е поголема безбедност во сообраќајот и поефикасно откривање на прекршителите. Тошковски посочи дека системот веќе не се користи само за регистрирање на брзо возење, туку и […]

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска


Загреб – Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, соопшти денеска неговиот кабинет. Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран, потсетува Хина. „Со оглед на постапувањето на […]

Пронајдени четирите тела во морска пештера на Малдивите


Мале  — Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти во понеделник дека спасувачите ги пронашле телата на четворица италијански нуркачи длабоко во подводна пештера на атол на Малдивите, четири дена откако беа пријавени како исчезнати. Потрагите продолжија во понеделник откако беа прекинати по смртта на локален воен нуркач за време на опасната мисија за обид за […]

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година


Вашингтон – Најновото истражување на туристичката агенција „Беркшир хатавеј травел протекшн (Berkshire Hathaway Travel Protection) ги открива најбезбедните земји за патување во 2026 година. Станува збор за годишна ранг-листа која веќе десет години ги анализира државите според нивото на безбедност за туристите, при што се земаат предвид политичката стабилност, инфраструктурната развиеност, како и стапката на […]

Барселона му го продолжи договорот на Флик


Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, доби продолжување на договор до 2028 година, објави прес-службата на каталонскиот клуб. Договорот, исто така, вклучува опција за дополнителна една сезона. Шеесет и едногодишниот Германец ја презеде Барселона во мај 2024 година. Под негово водство, тимот освои две титули во шпанското првенство и шпанскиот Суперкуп, како и еден шпански куп. […]

Муцунски до опозицијата: Правевте отстапки, а не направивте ништо


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска уште еднаш повтори дека во овој момент и во вакви услови нема можност за уставни измени. Ова, според Муцунски, не значи дека треба да се прекине со дијалогот, туку, напротив, треба да се води проактивна дипломатија поради што побарал средба со својата бугарска колешка за […]

Гебрејесус: Живееме во тешки, опасни времиња


Во Женева денеска почна 79-то Светско здравствено собрание, на кое шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги истакна предизвиците со кои се соочува ова тело на ОН. – Живееме во тешки, опасни и поделени времиња – рече Тедрос на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна […]

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години


Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се […]

Нивниот пензиски систем е најдобар во светот со години: Еве зошто


Со години се зборува за германските пензии како гаранција за квалитетен живот во староста, но данскиот пензиски систем е најдобар во светот со години. Имено, во Данска, пензиските придонеси и заштедите се инвестираат на берзата. Приносите се високи, па идните пензионери веќе знаат дека ќе добијат добар пакет акции. „Луѓето често се пријатно изненадени кога […]

Зошто е толку тешко да се управува со Велика Британија?


ЛОНДОН – Најчудната работа во врска со недели како последната во Вестминстер е … тие веќе не се чувствуваат толку чудно. Длабоко непопуларен премиер, обвинет од неговата партија и земја за неисполнување на стандардите што се очекуваат од еден лидер – и, полошо од тоа, за неможност да ги подобри животните шанси и расположението на […]

На СОС линијата „АлоБушавко“ деца бараат помош од самоубиствени мисли


Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на семејството и институциите во државата за што треба поголема будност, следење на состојбата на промените во однесувањето на децата и младите со цел рана детекција и превенција на насилството, покажува годишниот извештај на СОС-линијата +389 […]

Вицепремиерот Арбен Фетаи го нема, а изгледа нема ни да дојде


  Нема кој да одговори каде се наоѓа вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Ниту дали сѐ уште зема плата иако неколку месеци не доаѓа на работа, но испраќа фотографии од егзотични дестинации како Тајланд. Премиерот Христијан Мицкоски молчи, молчеше денеска и потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски кога беше побарано од него вицепремиерот да се […]

Насилството во училиштата не е ништо ново, но кој ќе сноси одговорност за спорите реакции


Темата поврзана со насилството во училиштата не е нова и не се појавува само во последно време, отсекогаш имало такви случаи, но за разлика од претходните случаи, овој пат Министерството за образование и наука изрази подготвеност да преземе конкретни мерки, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, одговарајќи на пратеничко прашање на Сања […]

Лино Червар го избра најдобриот ракометар на сите времиња


Лино Червар ја предводеше златната генерација на Хрватска, освои сè што можеше да се победи во ракометот и го тренираше Иван Балиќ, за многумина најголемиот ракометар во историјата. Тој исто така водеше големи битки против Никола Карабатиќ во своите најдобри денови. Сепак, кога зборува за најдобриот ракометар на сите времиња, Червар избира некој трет – […]

Промоција на „Репертоарски калеидоскоп“ од Тодор Кузманов во Драмски 


Промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ на истакнатиот театарски критичар и публицист Тодор Кузманов ќе се одржи на 21 мај (четврток) во 12 часот во малата сала на Драмски театар Скопје. Станува збор за значајно издание кое преку аналитички осврти, критички текстови и театарски записи отвора важни прашања за современиот театар, неговиот развој, естетика и општествено […]

Пирц: На земјите кандидати за ЕУ им наметнува огромен товар


Словенечката претседателката Наташа Пирц Мусар денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, порача дека Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. На заедничка прес-конференција, Пирц Мусар одговори на новинарско прашање […]

Никшиќско позориште со „Татко“ вечерва на големата сцена во МНТ


На големата сцена во МНТ, вечерва, во 20 часот, ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќско позориште.  Пред скопската публика ќе настапат актерите Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ. Сценографијата е на Весна […]

Муцунски: Лажна вест е дека некои земји се исклучени од новиот режим за влегување во ЕУ


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија  разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, при тоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. -Тоа што […]

Trussardi официјално пристигнува во Скопје во Рамстор Мол


 Италијанскиот моден бренд Trussardi официјално пристигнува во Македонија со отворањето на својата прва монобренд продавница на 21 мај 2026 година во Ramstore Mall, на приземје. Новиот продажен салон ќе понуди внимателно селектирана колекција на машка облека и аксесоари, како и женска колекција на кожни аксесоари, препознатливи по современ дизајн, врвен квалитет и италијанска елеганција. Со […]

Сиљановска: Успешната интеграција не подразбира откажување од сопствениот идентитет


За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заеднички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара.Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, […]