Министерството за правда ја комплетира документацијата за Груевски


  По вчерашното давање задачи од страна на бегалецот Никола Груевски до министерот за правда Игор Филков, Министерството за правда денеска кусо одговори дека ја комплетира документацијата за неговата екстрадиција согласно законската процедура. СДСМ денеска го прозва Филков велејќи дека тој како претставник на ЗНАМ, сателит на ВМРО, е „поставен токму на тоа место да […]

Во Визбегово гори приватен имот каде што биле складирани стари автомобили


Екипите на Противпожарната бригада се активни на терен, на интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде запален е приватен имот каде што биле складирани стари автомобили. Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува […]

Да беше жив, Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски, изјави Венко Филипче


  Гоце Делчев денес се злоупотребува од ВМРО, партијата што се претставува за наследник на организацијата, а Гоце Делчев да беше жив би се срамел од Христијан Мицкоски. Со вакви остри зборови претседателот на СДСМ го окарактеризира владеењето на ВМРО-ДПМНЕ денеска по положувањето цвеќе во црквата „Свети Спас“ по повод годишнината од загинувањето на Гоце […]

„Имаме прекрасни езера, планини…“: Мицкоски ги повикува граѓаните да летуваат во Македонија


  Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат одредени разговори во рамките на ЕУ за надминување на метежот што се создава со примената на ЕЕС-системот за влез во земјите од Унијата. Но, додава ако тоа не се надмине и летните годишни одмори претставуваат проблем, тогаш, сите ние, како што рече, би можеле да ги поминеме на […]

Турски театар со „Амадеус“ гостува на фестивалот MITEM во Будимпешта


Турски театар – Скопје гостува на тринаесеттото издание на MITEM во Будимпешта, со претставата „Амадеус“ во режија на Андреј Цветановски. MITEM важи за еден од најзначајните европски театарски фестивали, на чија сцена низ годините гостувале врвни автори и режисери како Роберт Вилсон, Ејмунтас Некрошјус, Силвиу Пуркарете, Теодорос Терзопулос и Диана Добрева. Ова е второ последователно […]

На повидок мега – зделка: „Гејмстоп“ понуди 56 милијарди долари за „И-беј“


Трговецот на мало со видеоигри „Гејмстоп (GameStop)“ вчера објави понуда за преземање на многу поголемата интернет-продажна платформа „И-беј (eBay)“. – Понудата е вредна околу 56 милијарди долари во готовина и акции… Намерата е да го користиме „И-беј“ за изградба на многу посилен конкурент на „Амазон (Amazon)“. Понудата претставува премија од приближно 20 насто во однос […]

Канада и Ерменија на чекор до сојузништво со ЕУ, Русија со „прстот во уста“


  Европските лидери се собраа во Ерменија на два невидени самити досега. Денес, повеќе од 30 европски лидери и премиерот на Канада, Марк Карни, ќе учествуваат на самитот на Европската политичка заедница. Канада ќе стане првата неевропска земја што ќе присуствува на состанок на Европската политичка заедница кога премиерот Марк Карни ќе се придружи на […]

Законот за младински додаток од 3.000 денари го помина комисискиот филтер


Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска даде поддршка и ги проследи на натамошно второ читање предлог-законот за младински додаток и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски зелените зони. Со предлог-законот за младински додаток се продолжува рокот за примена на овој закон до 31 декември 2028 година. Со законот […]

Владата не планира ново намалување на ДДВ за дизелот


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ-то за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. – Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за […]

Ирански ракети погодија американски воен брод во Ормуз


Иранската новинска агенција Фарс објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Јаск, додека Вашингтон најавува почеток на воена операција за заштита на бродовите во Ормутскиот теснец Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на локални извори, објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Јаск, откако наводно […]

Намален бројот на работниците во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 […]

Мицкоски очекува реализација на проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10 на почетокот на следната година


Премиерот Христијан Мицкоски очекува реализацијата на проектот „Брза пруга“ на Коридор 10 да стартува на почетокот на следната година, откако по завршувањето на физибилити студиите ќе се потпише договор со потенцијален финансиер.  – Продолжуваме со реализација на проектот „Брза пруга“ на Коридор 10. Физибилити студијата е веќе при крај, и студијата за влијание врз животнатса […]

Гори отпадот во Шуто Оризари – предизвикува големо загадување (фото)


Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека гори отпад на депонија во Шуто Оризари, при што над Скопје се издига густ црн чад. Според првичните информации, пожарот предизвикува големо загадување и е видлив од повеќе делови на главниот град. Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнот. Според Центарот за […]

Поплави, бури и снег предизвикаа хаос во Турција, едно лице загина


Обилните дождови, грмежите и снегот во повеќе делови на Турција од синоќа предизвикаа сериозни поплави, прекини во сообраќајот и затворање патишта. Еден маж загинал во југоисточниот округ Шанлиурфа откако бил погоден од гром. Според агенцијата Анадолија, силни ветрови и обилни врнежи предизвикале материјална штета и локални поплави во Шанлиурфа, Дијарбакир, Килис и Газиантеп. Во Газиантеп […]

Зеленски од Ереван: Украина бара единствен европски глас и место на преговарачката маса


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Европа треба да настапува со единствен глас и да учествува во евентуалните мировни преговори со Русија. – Одржуваме контакт со САД и ги разбираме нивните ставови и позиции. Но, би било добро да оформиме заеднички европски глас – изјави Зеленски на Самитот на Европската политичка заедница во ерменската […]

Макрон: Франција нема да учествува во американската мисија во Ормуз


Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник ја поздрави најавената помош на американскиот претседател Доналд Трамп за бродовите блокирани во Ормузскиот теснец, но ја отфрли можноста за француско вклучување „Нема да учествуваме во никакви насилни операции, особено затоа што рамката за ова не ни е јасна“, рече Макрон во Ереван, каде што присуствува на осмиот самит […]

Пад од 25 отсто на резервациите на Кипар за летниот период


 Моменталната исполнетост на хотелите за летото е околу 40 – 50 отсто, додека во 2025 година изнесуваше 75 проценти, рекол генералниот директор на Здружение на хотелиери на Кипар Христос Ангелидис за кипарската новинска агенција ЦНА, посочувајќи дека резервациите на Кипар за летниот период, досега се за 25 отсто пониски во споредба со истиот период лани, […]

Компаниите не смеат да отпуштаат вработени заради ВИ, пресуди кинески суд


Кинескиот суд во Хангџоу донесе пресуда дека компаниите не смеат да отпуштаат вработени само затоа што ги заменуваат системи на вештачка интелигенција. Пресудата е донесена откако една технолошка компанија во источна Кина незаконски отпуштила работник откако тој одбил деградација и намалување на платата поради автоматизација на неговото работно место. „Судот оцени дека аргументите на компанијата […]

Судење за „Пулс“: Прочитани искази на сведоци кои не се достапни на органите на прогон


Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка беа прочитани во судницата во Идризово на денешното судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако и двајцата повеќе рочишта не се достапни на органите на прогон.  Одбраната се противеше на предлогот на Обвинителството за повлекување на овие […]

Вандали кршеле и уништувале на Пелистер за време на празникот


  БИТОЛА – Вандали кршеле и уништувале на повеќе локации низ НП „Пелистер“ и областа Смолево. Искршени се табли на детската патека, оштетни се летниковци, на нив се фрлале камења, а влезовите во НП „Пелистер“ служеле и како паркинг за несовесни возачи.  Вандализирани се и таблите на патеката Смолево.    „Националните паркови се најскапиот накит на една […]