Гори отпадот во Шуто Оризари – предизвикува големо загадување (фото)
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека гори отпад на депонија во Шуто Оризари, при што над Скопје се издига густ црн чад.
Според првичните информации, пожарот предизвикува големо загадување и е видлив од повеќе делови на главниот град.

Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнот.
Според Центарот за управување со кризи, пожарот настанал откако била запалена машина за мелење железо.