Макрон: Франција нема да учествува во американската мисија во Ормуз
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник ја поздрави најавената помош на американскиот претседател Доналд Трамп за бродовите блокирани во Ормузскиот теснец, но ја отфрли можноста за француско вклучување
„Нема да учествуваме во никакви насилни операции, особено затоа што рамката за ова не ни е јасна“, рече Макрон во Ереван, каде што присуствува на осмиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ).
Формирана е меѓународна коалиција предводена од Франција и Обединетото Кралство за неутрално поморско распоредување во теснецот по завршувањето на борбите.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека САД ќе им помогнат на бродовите „блокирани во Ормузскиот теснец“ да го напуштат клучниот воден пат.
Макрон го пофали потегот. „Ова е она што го бараме од самиот почеток“, рече францускиот претседател. „Изградивме ad hoc мисија на која сè уште работиме. Военото планирање се одржа во Лондон, но пред сè сакаме координирано повторно отворање меѓу Иран и САД“, додаде Макрон. „Тоа е единственото решение што овозможува отворање на Ормутскиот теснец на долг рок, обезбедувајќи слободна пловидба без ограничувања и без наплата на такси.“