Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 3 до 7, а максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен […]

Огромни разлики во цените на горивата во ЕУ. Цената на дизелот се зголеми за 30 проценти


Цените на горивата низ Европа нагло пораснаа по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток, што доведе до тоа цената на суровата нафта Брент да надмине 100 долари за барел. Заедничкиот напад на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари предизвика пораст што директно се одрази на малопродажните цени. Оттогаш, цените на бензинот во […]

Роберт Левандовски заминува бесплатно во Милан?


Роберт Левандовски, 37-годишниот полски напаѓач, му е понуден на Милан како засилување за следната сезона. Неговиот договор со Барселона истекува на лето, што значи дека би можел да пристигне на Сан Сиро без обештетување. Во време кога Милан бара силен напаѓач за да ги зголеми своите амбиции, доаѓањето на еден од најдобрите стрелци во неговата […]

Трамп: Иран не смее да им наплаќа на танкерите за премин низ Ормускиот теснец


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека Иран не смее да им наплаќа на танкерите за премин низ Ормускиот теснец, по медиумските извештаи дека Техеран размислува да воведе такви такси. „Постојат извештаи дека Иран им наплаќа на танкерите за премин низ Ормускиот теснец“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. „Подобро да не го […]

Детали за бурната средба: Трамп се истури врз Руте. „Тоа беше тирада на навреди“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја искажа својата фрустрација кон сојузниците од НАТО за време на бурната средба со генералниот секретар Марк Руте во среда и посочи дека размислува за одмазда за недостатокот на поддршка во војната со Иран. Долго планираната посета на Руте на Белата куќа се претвори во кризна мисија откако Трамп постојано […]

„Целосно невистинити“: Меланија Трамп негира врски со Епштајн, обвинувањата ги нарече клевети


Првата дама на САД Меланија Трамп денеска негираше каква било поврзаност со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн и какво било знаење за неговите кривични дела, оценувајќи дека обвинувањата се „целосно невистинити“. Во изјава од Белата куќа, таа ги отфрли тврдењата на интернет дека на некаков начин била поврзана со Епштајн, нарекувајќи ги „клевети“. – Лагите […]

Како Џорџа Мелони се сврте против Трамп


Премиерката на Италија, Џорџа Мелони се дистанцира од американскиот претседател Доналд Трамп во говорот пред парламентот денес, обидувајќи се да ја спаси својата позиција по тешкиот пораз на референдумот минатиот месец. „Западот стои на две нозе: европска и американска. Ако не се движат во иста насока, ризикува парализа“, предупреди Мелони, додавајќи дека таа сè уште […]

Вистината за темното чоколадо: Експертите откриваат колку е навистина здраво


Темното чоколадо често се претставува како поздрав избор, но експертите предупредуваат дека неговите придобивки не го менуваат фактот дека сè уште е калорична храна што треба да се јаде умерено. Темното чоколадо во последниве години доби статус на речиси здрава бомбона. За разлика од млечното и белото чоколадо, содржи повеќе какао, помалку шеќер и повеќе […]

ФИФА ги одреди судиите за Светското првенство


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го објави списокот на судии за Светското првенство 2026, по детален процес на селекција кој траеше повеќе од три години. Такнаречениот „ФИФА Тим Еден“ е составен од 52 судии, 88 помошници судии и 30 ВАР судии, кои доаѓаат од сите шест конфедерации и 50 национални асоцијации, што претставува најобемен судиски […]

Нови правила за влез во ЕУ: Што треба да знаете


Целосното спроведување на новиот систем за влез во ЕУ започнува на 10 април. Доколку не сте биле во земјите во Шенген зоната од средината на октомври, еве што треба да знаете. Од 10 април започнува целосната примена на новиот систем за контрола на влез во Европската Унија, кој важи и за граѓаните на Македонија од […]

ММФ ја намалува прогнозата за глобалниот раст поради војната со Иран


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради шоковите од војната на Блискиот Исток, изјави директорката Кристалина Георгиева. Дури и во најоптимистичкото сценарио, ММФ очекува надолна ревизија на растот, според подготвените забелешки презентирани денеска. – Без нарушувања во снабдувањето – особено со нафта и гас од Заливот – изгледите би […]

Букурешт добива парк „Доналд Трамп“ – бурни реакции кај јавноста


Нов парк во романската престолнина ќе го носи името на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти градоначалникот на четвртиот сектор во Букурешт, Даниел Балуца. Веста предизвика поделени реакции во јавноста – од незадоволство и критики до сарказам на социјалните мрежи. Градоначалникот Балуца појасни дека името е избранo како „симбол на пријателството и заедничките вредности“, поврзувајќи ја […]

До каде е решавањето на проблемот на превозниците: Во Хрватска е во тек, во Унгарија по изборите, најдалеку се Германија и Велика Британија


Владата работи на ситемско решение на проблемот со превозниците, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, појаснувајќи дека по одложената примена и препознавањето на возачите на камиони и автобуси како професионалци во новата визна стратегија на Европската Унија, државата работи на билатерални договори за долгорочни визи со земјите во коишто најечесто одат нашите превозници.  […]

Шефот на НАТО до сојузниците: Трамп сака конкретни ветувања


  Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги информираше некои европски земји дека американскиот претседател Доналд Трамп сака конкретни ветувања во следните неколку дена за да помогне во обезбедувањето на Ормутскиот теснец, изјавија за Ројтерс во четврток тројца европски дипломати. Руте се сретна со Трамп во Вашингтон во среда, во услови на тензии во алијансата […]

Бројот на банкроти во Германија на највисоко ниво во последите 20 години


Речиси 4.600 компании во Германија прогласија банкрот во првите три месеци од оваа година, најмногу во изминатите повеќе од 20 години, објави денес Институтот за економски истражувања од Хале (IWH). Во периодот од јануари до март, 4.573 компании прогласија банкрот, најмногу од третиот квартал од 2005 година, кога беа регистрирани 4.771 банкроти, според официјалните податоци. […]

Дали Израел го нападна Либан за да го саботира примирјето со Иран?


Израел продолжува да тврди дека нападите врз густо населените станбени области, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, биле насочени кон Хезболах. Но, прашањето сè уште останува отворено – која беше вистинската цел на таков разорен напад Која беше поентата на ненадејните, масовни израелски напади врз Либан, кои предизвикаа силна меѓународна осуда? Премиерот Бенјамин Нетанјаху […]

Мајкл Џ. Фокс ги негира гласините за неговата смрт


Мајкл Џ. Фокс е оптимист за иднината и покрај неодамнешните лажни вести за неговата смрт. Откако се појавија информации дека ѕвездата од „Враќање во иднината“ починала, неговиот публицист ги негираше тврдењата. „Мајкл е одлично“, изјави неговиот претставник за TMZ на 8 април. „Тој беше на PaleyFest вчера. Беше на сцената и даваше интервјуа.“ 64-годишниот актер […]

Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата


Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема во Струга – дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Како што информира МЖСПП, во оваа фаза од проектот, кој се спроведува со поддршка од Европската банка […]

Судењето на Бенјамин Нетанјаху за корупција ќе продолжи во недела


Судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи во недела по неколку недели работење под вонредни ограничувања поради војната со Иран. Во соопштението на судот се вели дека следното рочиште е закажано за 9:30 часот наутро во Окружниот суд во Ерусалим за сведочење на сведоците на одбраната, објави „Џерусалем пост“. Во известувањето се вели и […]

Шпанија за прв пат со три филма во трка за Златната палма


  Кан – Шпанија успеа за прв пат да вклучи три свои филмови во конкуренцијата за престижната награда Златна палма на Канскиот филмски фестивал, објавува денес „Ла Паис“. На фестивалот, кој ќе се одржи од 12 до 23 мај, филмовите „Горчлив Божиќ“ од Педро Алмодовар, „Љубениот“ од Родриго Сорогоен и „Црната топка“ од двајцата филмски […]