Хрватите ќе протестираат: Просечната плата треба да биде 2.200 евра


Три синдикални федерации и Синдикатот на пензионери на Хрватска (СУХ) ги поканија сите граѓани кои, поради ниски приходи и висока инфлација, не можат да ги исполнат своите основни трошоци за живот да дојдат на протестот „Хрватска заедно за повисоки плати и пензии“, кој ќе се одржи во четврток, 18 април, напладне на плоштадот Бан Јелачиќ […]

Ѓорческа во четвртфиналето на ВТА турнирот во Мадрид


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид, откако попладнево нејзината ривалка Алина Корнеева од Русија ѝ го предаде дуелот во вториот сет по 50 минути игра. Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а притоа успеа да направи два брејка во третиот и во деветтиот гем, […]

Иран го ограничи преминот низ Ормуската Теснина на 15 бродови дневно


Во рамки на договорот за прекин на огнот, Иран ќе дозволи премин на најмногу 15 пловни објекти дневно низ Ормуската Теснина, изјави висок ирански претставник пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран во пакистанската престолнина Исламабад. „Во услови на актуелниот режим на договорот за прекин на огнот, ќе биде дозволено минување на не повеќе […]

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед


Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија „BB+“ со стабилен изглед, испраќајќи јасен сигнал за доверба во економските политики на земјата. Во последниот извештај, „Фич“ истакнува дека кредибилните и конзистентни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и поволните показатели за управување во однос на земјите со сличен рејтинг […]

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес


Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња“ во нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива […]

УЈП донесе план за подобрување на усогласеноста – неформална економија 2026-2027


Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека донела План за подобрување на усогласеноста – Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност. Како што информира УЈП, овој концепт претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно […]

Во Појасот Газа убиени најмалку 235 палестински новинари и медиумски работници


 Најмалку 235 палестински новинари и медиумски работници се убиени, голем број се повредени, а многумина исчезнале во текот на војната во Појасот Газа. Меѓународната федерација на новинарите (ИФЈ) и Палестинскиот синдикат на новинари те(ПЈС) ги осудија убиствата и нападите врз новинарите и медиумските работници и побараа итна истрага. Во вакви опасни услови ИФЈ ги потсетува […]

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, говорејќи за предметот што пред Уставниот суд се води за Законот за употреба на јазиците, оцени дека во јавноста неосновано се создаваат стравови и политички тензии. Тој порача дека Судот нема намера да ограничува права, туку, напротив, да придонесе тие да бидат заштитени и унапредени. „Сакам да упатам еден […]

Враништа конечно добива канализација


Заштитата на животната средина значи и инвестиции во инфраструктура во помалите места, кои со години биле запоставени и без основни услови за живот, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа на отпочнувањето со изградба на канализационен систем за отпадни води во село струшкото село Враништа. На настанот на кој присуствуваше и […]

Од почетокот на војната во Иран загинале над 3.000 луѓе


Иранските медиуми, повикувајќи се на директорот на државната организација за судска медицина, Абас Масџеди Арани, објавија дека од почетокот на конфликтот на 28 февруари, во Иран загинале повеќе од 3.000 луѓе. Додека според податоци на американската организација Активисти за човекови права во Иран (ХРАНА) до 7 април загинале 1.701 цивили, од кои најмалку 254 деца, […]

На местото од игротеката до „Капитол мол“ нема да никне парк – туку бехатонско детско игралиште


Ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, вака ја најави пренамената на просторот каде до пред некое време имаше полузаградена игротека во Општина Аеродорм, до „Капитол мол“, градоначалникот Дејан Митески. Денеска тој, заедно со сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за […]

Празничен возен ред за Велигден


Од ЈСП Скопје информираат дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10.04.2026 год. (петок) до 13.04.2026 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за персонализација Во сабота (11.04.2026 г.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно […]

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“


На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина.  Сведокот пред судот појасни […]

СДСМ: Мицкоски како Луј XIV, народот гладува а тој се гоштева!


Мицкоски како Луј XIV – народот едвај преживува а власта се гоштева, објави денес во реакција СДСМ алудирајќи на вчерашниот масовен Велигденски ручек што го организираше премиерот во хотелот „Хилтон“ на државна сметка.     „Мицкоски, народот е гладен. Граѓаните се со празни фрижидери и празни џебови, немаат ниту за скромна Велигденска трпеза.И додека народот едвај […]

ЗХГ за „новата инвестиција“: Рудникот Крстов дол не работи веќе 50 години, а се уште загадува


Зелен Хуман Град реагира на информацијата дека во рамките на стратешкиот дијалог со САД е договорена помош за ископување на антимон.    „ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на ,,стратешки дијалог”. Мицкоски сака да дозволи на американска […]

Во војна без победници, Нетанјаху изгледа како најголем губитник


  Во војна во која нема победници, премиерот на Израел се чини дека ќе биде најголемиот губитник кој влегува во кревко и нејасно примирје со Иран. По години закани на Бенјамин Нетанјаху против Иран, неговите акробации на Генералното собрание на ОН, сомнителните досиеја бесконечно ширени под носот на светските медиуми и дипломатски притисок врз последователните […]

Започна уривањето: Багери го „гризат“ облакодерот на „Вјесник“


Работите за отстранување на зградата „Вјесник“ во Загреб започнаа, а делови од сите катови моментално се рушат со помош на тешка механизација. Покрај изгорената зграда има голем кран кој подигна контејнер на врвот, а паралелно се  отстранува азбестот. Министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот Бранко Бачиќ изјави дека оваа операција нема да влијае […]

Ирците блокираат складишта за гориво со трактори и камиони. Владата испраќа војска


Протестите поради цените на горивата низ Ирска предизвикуваат значителни нарушувања во јавниот живот, соопшти денес ирската полиција, а владата ја повика војската да ги отстрани возилата што ги блокираат складиштата за гориво и клучната инфраструктура. Колони трактори, автобуси и камиони го забавуваат сообраќајот во градовите низ целата земја од вторник, објавува „Ајриш пост“. Иако протестите […]

Новоизбраните вицегувернери на Народната банка дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Гаши


Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално стапија на функциите. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка со мандат од седум години по предлог на гувернерот Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат […]

Нема веќе кинески пари за Кичево – Охрид, се финансира преку домашни банки, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорт 10Д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево-Охрид оваа делница ќе стане функционална. – Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала […]