Кина почна масовно производство на летачки автомобили


Во момент кога границите меѓу научната фантастика и реалноста стануваат сè потенки, кинеската компанија Икспенг аероХТ (XPeng AeroHT) прави можеби и најконкретен чекор кон ерата на летачки автомобили. Нејзиниот модел „Land Aircraft Carrier“, претставен пред јавноста во Гуангжу и на престижната кинеска меѓународна изложба за воздухопловство и аерокосмос (China International Aviation and Aerospace Exhibition), ја […]

Македонските земјоделци повеќе сакаат да садат тутун отколку жито


  БИТОЛА – Македонските земјоделци садат култури кои им носат заработка. Годинава расте интересот за производство на тутун, каде килограм од последната реколта вкупно со субвенциите достигна цена од 500 денари. Во државата има околу 1,26 милиони хектари земјоделска површина, од кои приближно 500 илјади хектари се обработливи – ораници, бавчи, лозја и овоштарници. Остатокот […]

Адвокатите на обвинетите во „Пулс“ инсистираат да сведочат повредени од пожарот и покрај нивните трауми


На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, одбраната на обвинетите предизвика бурни реакции со инсистирањето да сведочат повредени кои се наоѓаат во тешка психофизичка состојба. Поточно одбраната не дозволува повлекување на сведоците, иако обвинителството побара повлекување на дел од сведоците поради […]

Хоџа најавува вистински зелен пресврт


Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на денешната Национална конференција за природа, каде истакна дека заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси. „Да работиме заедно за вистински зелен пресврт“, порача тој, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор.   Во своето обраќање, […]

Мицкоски сака да ги слушне и да ги задржи младите, а на конференција ги викна во 5 до 12!


Вложување во универзитети, факултети и студентски домови со побројни студенти, но и информација за конференции навреме, побара денеска Александар Николовски кој е дел од Координативната група за реформи во високото образование и претседател на Универзитетското собрание на УКИМ, на состанокот на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование, Весна Јаневска во Владата, каде присуствуваат и рекоторите на […]

Симон Трпчески со два ексклузивни концерти во Охрид и Битола во август


  Македонската публика ќе има можност да присуствува на две исклучителни вечери со еден од најценетите уметници од нашата сцена, Симон Трпчески. Пијанист со богата меѓународна кариера, настапи на најпрестижните концертни сцени и соработка со врвни светски оркестри, Трпчески е уметник чиј израз одамна ја надминува локалната рамка и е препознаен од публиката ширум светот. […]

Луксуз низ ретро италијански очила: Скопје една вечер како Милано (галерија)


Скопје синоќа на луксузна модна ревија со избрани гости дишеше италијански моден воздух и гледаше луксуз низ ретро италијански очила кој засекогаш ги смени модните погледи во светот од сончевите ривиери, филмските сцени до модните писти. Во Музејот на македонската борба за самостојност, во присуство на дипломатскиот кор на земјата, високи гости од германски Кемниц […]

Димитриеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов регионален центар за ЈИЕ


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон учествуваше на тркалезна маса, на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до […]

Последни анкети пред изборите во Бугарија: Двоцифрена предност на Радев


  На неколку дена пред изборите во Бугарија анкетите покажуваат дека коалицијата „Прогресивна Бугарија“ на поранешниот претседател Румен Радев е пред голема победа. Анкетата на „Маркет линкс“ направена заедно со телевизијата бТВ од 7 до 14 април покажува дека „Прогресивна Бугарија“ е прва со 30,8 отсто. Втор е ГЕРБ со 18 проценти, по што следуваат […]

Трамп бара од „Џенерал моторс“ и „Форд“ да произведуваат оружје


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака производителите на автомобили и другите  да играат поголема улога во производството на оружје, што потсетува на практиката што се користеше за време на Втората светска војна, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на луѓе запознаени со дискусиите. Високи американски претставници од одбраната разговарале за производство на оружје и други […]

СДСМ тврди дека Груевски бара засолниште во Русија и Белорусија додека Мицкоски на нив им се заканува со прогон


СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека од пред камери им се заканува со политички прогон, додека во исто време дозволува Никола Груевски повторно да избега од правдата. Според СДСМ со вакви пораки се врши политички притисок и се отвора опасна дебата за улогата на институциите во пресметките меѓу власта и опозицијата. Партијата соопшти дека […]

Научниците во шок по кражбата на вируси од лабораторија: „Неописливо сме збунети“


Веста за кражбата на примероци од вирусот од високобезбедна лабораторија во Бразил привлече големо внимание од научната заедница. Иако примероците беа брзо вратени, клучните прашања, особено оние за мотивите и безбедносните прекршувања, остануваат неодговорени. Бразилската федерална полиција ја уапси истражувачката Соледад Паламета Милер, виролог на Државниот универзитет во Кампинас (Уникамп), кон крајот на минатиот месец […]

10-годишно девојче побара од НАСА да го врати статусот на Плутон во планета. НАСА ѝ одговори


Кога 10-годишната Каела Полкингхорн побара од НАСА да го врати статусот на Плутон во планета, таа не очекуваше раководителот на агенцијата да ѝ одговори. Четвртоодделенката од Тампа, Флорида, се заљуби во Плутон за време на училишна екскурзија во Музејот на наука и иновации. Таа гледаше филм на кој беа прикажани осум планети собрани околу Сонцето, […]

ДУИ најдоа активист на платен список на Меџити


ДУИ обвини денес дека во Општина Чаир се исплаќаат по илјада евра месечно за активист надвор од Чаир, додека воспитувачките се без 100 евра шест месеци. Тие побараа градонаќалникот Изет Меџити да поднесе оставка за злоупотреба на парите на граѓаните.  „Во Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра од Општина Чаир за […]

Сакура Фестивал во Аеродром – културно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција


На 18 април 2026 година (сабота) во парк „Авионче“ ќе се одржи Sakura Festival – културно-едукативен настан чија цел е да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена и содржајна програма. Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и […]

Муцунски и Прево трчаа на скопскиот кеј


Министерот за надворешни работи заедно со белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево утрово реализираа утринско трчање низ Скопје, во должина од шест километри. Како што беше споделено на социјалните мрежи, денот започнал со поинаков, неформален пристап, комбинирајќи спортска активност и дипломатска комуникација. Трчањето низ градот било искористено како можност белгиската делегација да се запознае со […]

Лажна тревога за поставена бомба во училиште во БиХ: Учениците и персоналот се евакуирани


Во средното училиште во Нова Била утрово е примена пријава за поставена бомба, која по полициска проверка се покажа дека е лажна. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Централнобосанскиот кантон, случајот е пријавен денес во 07:20 часот, кога дежурниот оперативец на Полициската станица Травник бил информиран дека директорот на средното училиште Нова Била […]

Судот ја одложи одлуката за разрешување на министерот на Нетанјаху, хаос во судницата (видео)


Вчера, по речиси десетчасовно рочиште, Врховниот суд на Израел ја одложи одлуката за петициите со кои се бара разрешување на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир поради обвинувања дека незаконски се мешал во полициските работи, објавува Анадолу. Израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“ објави дека судот ќе донесе одлука подоцна. Според весникот, судиите предложиле обид за […]

Иран: Ќе потопиме американски бродови ако САД ја преземат контролата врз Ормуската Теснина


Висок воен советник на врховниот лидер на Иран предупреди дека Иран ќе потоне американски бродови во Ормуската Теснина ако САД се обидат да го „контролираат“ стратешкиот воден пат, објави Анадолија. Мохсен Резаи во изјава објавена од иранската државна телевизија рече дека САД немаат никаква улога во контролата на теснината. „Господин Трамп сака да стане полицаец […]

САД подготвуваат низа можни акции против Хавана, Кремљ против какви било притисоци врз Куба


Соединетите Американски Држави подготвуваат „низа планови за непредвидени ситуации“ поврзани со Куба и остануваат подготвени да ги спроведат наредбите на претседателот Доналд Трамп. Од Пентагон во одговорот на прашањето од руски медиуми дали САД планираат воена операција против Хавана, посочуваат дека нема да коментираат „хипотетички сценарија“, но потврдија постоење различни оперативни планови што би можеле […]