Муцунски и Прево трчаа на скопскиот кеј
Министерот за надворешни работи заедно со белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево утрово реализираа утринско трчање низ Скопје, во должина од шест километри.
Како што беше споделено на социјалните мрежи, денот започнал со поинаков, неформален пристап, комбинирајќи спортска активност и дипломатска комуникација. Трчањето низ градот било искористено како можност белгиската делегација да се запознае со дел од препознатливите обележја на главниот град.