Изгаснат пожарот во поранешен „Декортекс“ во Радовиш, изгореа магацин и машини
Изгаснат e пожарот што избувна синоќа во Радовиш во кој изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“.
Претходно медиумите јавија дека со интервенција на противпожарните екипи од повеќе градови пожарот беше ставен под контрола.
Пожарот во индустрискиот објект на поранешната фабрика „Декор Текс“ во Радовиш започна доцна попладне во неделата на на 24 мај. Поради големото количество на запаливи материјали и машини во магацинскиот простор, огнот брзо се прошири.
За време на ингтервенцијата неколку пожарникари се соочија со здравствени предизвици. Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), припадниците на противпожарните единици вдишале поголема количина чад и се здобиле со полесни изгореници. И покрај ризиците, не се пријавени потешко повредени лица.