ВМРО-НП регира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика


ВМРО-Народна партија со загриженост ја коментира информацијата дека единствен кандидат за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија ќе биде Гордана Јовиќ – Стојковска.

-Не се сомневаме дека таа е сигурно едно ниво поквалитетна од сите изворни македонски писатели и со тоа заслужила да биде кандидат за претседател на ДПМ но исто така не можеме, а да не го истакнеме и нејзиниот ангажман во рамките на прославите за српското ослободување на Србите од Стара или Јужна Србија. Имено писателката Гордана Јовиќ – Стојковска е една од најредовните гости на сите прослави како што се оние на Зебрњак, Битката на Брегалница, Битката кај Удово и сите други со кои е одбележана поделбата и трагедијата на Македонија.

Не само што учествува како гостин туку многу често таа и ги држи главните говори каде што посебна специјалност и е бугаризацијата на историското ВМРО.

ВМРО-Народна партија, ова инсталирање на писател кој е веќе докажан во великосрпската политика и аспирација кон Македонија не го гледа како ништо друго освен како поткопување на основните македонски идентитетски вреднсти во кое активно за жал учествува партијата која го носи името „ВМРО“, порачувцаат од партијата.