Голем пожар избувна вечерва во Радовиш-горат погони и машини во поранешен „Декортекс“


Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне.

Пожарот го гаснат пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош се повикани пожарникари од Струмица, како и од доброволните против пожарни друштва од Злеово и Конче.

Гаснењето на големиот пожар е во тек, но и покрај големите напори кои ги вложуваат пожарникарите не се знае кога ќе биде ставен под контрола.