ДУИ обвини денес дека во Општина Чаир се исплаќаат по илјада евра месечно за активист надвор од Чаир, додека воспитувачките се без 100 евра шест месеци. Тие побараа градонаќалникот Изет Меџити да поднесе оставка за злоупотреба на парите на граѓаните. 

„Во Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра од Општина Чаир за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник од друга општина. Ниту живее во Чаир. Ниту е даночен обврзник во Чаир. Ниту има врска со реалните потреби на граѓаните на Чаир.

Сепак, од буџетот на граѓаните на Чаир редовно се плаќа партиски активист, додека воспитувачките и вработените во градинките во Чаир шест месеци ја немаат добиено исплатата од само 100 евра и си заминуваат една по една од работните места. Ова е реалноста што ја создаде Изет Меџити. Пари за партиските кадри има, за воспитувачките што се грижат за децата во Чаир нема. Ова е морална, политичка и институционална злоупотреба на општината.

Изет Меџити го загуби секој кредибилитет да зборува за одговорност, развој и грижа за граѓаните. Бараме итна оставка и нема да запреме сè додека не замине и додека на Чаир не му се врати институционалното достоинство“, порачаа од ДУИ.