Мицкоски сака да ги слушне и да ги задржи младите, а на конференција ги викна во 5 до 12!
Вложување во универзитети, факултети и студентски домови со побројни студенти, но и информација за конференции навреме, побара денеска Александар Николовски кој е дел од Координативната група за реформи во високото образование и претседател на Универзитетското собрание на УКИМ, на состанокот на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование, Весна Јаневска во Владата, каде присуствуваат и рекоторите на шесте Универзитети во Македонија.
Малку неочекувано, а според изразот на лицето на портпаролката и модератор на оваа конференција, Марија Митева и изненадувачки, младиот Николоски при крајот на конференцијата на која говореа сите горенаведени побара збор, на кој ги прозва надлежните доколку сакаат да го слушант гласот на малдите, со цел да се створат услови во земјава, па тие да не ја напуштаат, тогаш и навремено да ги информираат за вакви состаноци, на кои же може и да се слушне нивното мислење.

„Во однос на функционалноста на Координативното тело во високото образование претседателот на Владата напомена дека сѐ ќе направи за да се задржат младите, јас тоа навитина го почитувам, но на овој состанок само јас сум претставник на младите, 25 години имам, другите претставници коишто се дел од националното координативно тело не се тука, а се млади, од младински организации, заради моментот што состанокот беше закажан вчера, во 14 часот, ниту 24 часа порано од тоа што би требало да се спремиме да дојдеме. Сметам дека доколку сакаме да водиме инклузивни процеси и сакаме да ги слушаме младите дека треба на време да сме известени кога ќе се случуваа оваа конференција, бидејќи сметам дека имаме што да кажеме и сакаме да помогнеме и сакаме навистина да учествуваме во процесите, бидејќи во изминативе две години анвистина учествуваме со предлози, критики, давање на стратегии и слично“, рече Николовски.

„Како генерација мора да сме свесни дека ако продолжиме на овој начин да функционираме ќе ги изгубиме младите и да не се чудиме зошто илјадници наши млади студираат на универзитетите во регионот. Мора да понудиме квалитет ако сакаме да имаме генерации коишто утре ќе ја водат оваа држава. Со импровизирање и со адхок решенија или решенија што се креирани само за една мала група на луѓе не можеме да одиме напред“, рече во своето излагање премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека новиот закон за високо образование ги поправал грешките на претходниот, но „треба да се сврртиме кон конкретни реформи, а не постојано да решаваме проблеми, па предложи, одсега да се внимава на инвестициите во високото образование.
„Ќе напоменам само дека 42 милиони евра се вложуваат во универзитетот „Мајка Тереза“ кој има околу 2.000 студенти, што е најголемата инвестиција во високото образование во последните 18 години. Инвестицијата во зградите на ФИНКИ и ДИВ во 2015 година изнесува 20 милиони евра, за 6.000 студенти. Сега вложуваме 40 милиони евра за универзитет со 2.000 студенти, а во исто време на Педагошки во Битола, во зимно време не одат на настава бидејќи нема парно, во Штип одредени студенти од Медицинскиот факултет не одат на практична настава, односно одат во Скопје затоа што Клиниката во Штип не е изградена, на УКИМ има факултети кадешто течат кровови, кадешто е ладно поради тоа што е нема доволно греење. Имаме неколку студентски домови коишто се во ужасна состојба – два се реновираат, ќе бидат готови, но имаме седум, да речеме тој во Охрид, доколку влезете таму, тоа не се услови кадешто студент треба да живее. Мојата поента е да внимаваме каде ги вложуваме средствата. Во 2025 година, капитални инвестиции за УКИМ изнесуваат 245.000 евра – за „Мајка Тереза“ 2 милиони евра. Студентите на УКИМ се 23.000, на „Мајка Тереза“ – 2.000. Државниот универзитет во Тетово, добива 100.000 евра капитални инвестиции во 2025 година, а има 7.000 студенти“, наброја Николовски.
Инаку, Николовски посочи дека во последните две години студентите навистина биле вклучени во давањето предлози во работните групи и процесот бил навистина инклузивен.
„Но би сакал да укажам на неколку предизвици со коишто во моментов се соочуваме, а се во однос на самиот закон за високо образование, а и во однос на целата поента, затоа што високото образование постои за студентите, а тоа не е мала група на дел од населението – тоа се околу 55.000 студенти. Како клучно барање на Националното студентско тело коешто треба да биде претставник на сите студенти во државата не е никаде вклучено во самиот закон за високо образование, а тоа беше клучно барање на сите Универзитетски студентски собранија, тоа се 11 коишто се функционални“, рече Николовски.
Во делот на мандатите во Универзитетските студентски собранија, посочи дека никаде не побарале тие да траат две години, со можност за реизбор, односно четири.
„Нашето барање беше тие да траат две години, доколку траат четири години тоа значи дека процесот не е демократски, некој ќе може да биде четири години претставник на студенти на ниво на Универзитет или факултет, а со тоа не се дава можност на другите генерации да се вклучат во работата на самите универзитетски студентски собранија“, додаде Николовски.
Исто така, намалување на бројот на членови во универзитетскиот совет претставници на студентите и на Сенатот и кумулативниот просек којшто се зема за прием на нов кадар, односно пресметката на просечниот успех во условите за избор во наставно, научно звање. Член 161 предвидува кумулативен просечен успех од најмалку 8 проценти од студиите во прв и втор циклус. Проблемот е што кумулативниот просек ги маскира разликите меѓу циклусите, еден кандидат може да има просек 6 на додипломски и 10 на магистерски, бидејќи сега некои факултети не даваат услов за запишување на магистерски некој да има 8 просек.(Б.Б.)