Ученици од скопските училишта смислуваа иновативни решенија за еколошки проблеми


Повеќе од 230 ученици под водство на наставници – ментори, во 43 тимови, денеска смислуваа решенија за еколошки проблеми, а на крај на настанот најдобрите ќе бидат наградени. Денес по повод 21 април, Денот на иновативноста и креативноста, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, организира настан под наслов Зеленикс – од предизвик до […]

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц


За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над […]

ЕУ усвои нова директива за борба против корупцијата: Исти казни за сите од 24 до 40 милиони евра


Советот на Европската Унија даде конечно одобрение за нова директива што ја хармонизира дефиницијата за корупција во сите земји-членки и воведува заеднички нивоа на казни за санкционирање на овие кривични дела. Директивата го заменува постојниот закон за корупција во приватниот сектор од 2003 година и Конвенцијата на ЕУ од 1997 година за корупција во која […]

Медицински факултет доби сопствен извор на чиста енергија: ОКТА донираше фотоволтаична централа


Медицинскиот факултет во Скопје од денес функционира со ново, одржливо енергетско решение. Со донација од ОКТА, на покривот на Деканатот на институцијата е поставена фотоволтаична централа, која ќе обезбеди чиста електрична енергија, значителни заштеди и намалено влијание врз животната средина. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 40,3 kWp, која годишно ќе произведува […]

Светот полуде по „Ѓаволот носи Прада 2“ – светска премиера во Њујорк, Скопје со најголемата „Женска вечер“


Њујорк – Ен Хатавеј и Мерил Стрип воодушевија во впечатливи црвени тоалети, додека Емили Блант носеше елегантна црна комбинација на Скијапарели (Schiaparelli), на светската премиера на „Ѓаволот носи Прада 2“ синоќа во Њујорк. Холивудските ѕвезди, кои ќе ги репризираат своите улоги во долгоочекуваното продолжение на култниот класик од 2006 година, вчера повторно се обединија на […]

Три вида државна матура – материјалот ќе биде прилагоден на изученото


 Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. -Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. […]

Иран ги кажа условите за учество на репрезентативците на Мундијалот 2026


Иранскиот министер за спорт Ахмад Доњамали објави дека репрезентацијата може да учествува на Светското првенство во 2026 година, под услов безбедноста на нејзините играчи да биде обезбедена. – Доколку безбедноста на репрезентативците во Соединетите Американски Држави е обезбедена, ќе одиме на Светското првенство. Сепак, одлуката за учество ќе ја донесат владата и Врховниот совет за […]

Распоред на натпреварите на македонските репрезентации на Светското училишно првенство во ракомет


Сѐ е подготвено за Светското училишно првенство во ракомет – IFS чиј домаќин е нашиот главен град Скопје. Овој голем спортски настан официјално ќе стартува со денешното свечено отворање кое ќе се одржи на плоштад „Македонија“ со почеток во 19:30 часот. Македонската машка репрезентација ќе игра во А-групата во салата „Македонско сонце“.  На првиот меч […]

Се работи на решение за превозниците во Шенген зоната, уверува директорот на Транспортната заедница


Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек уверува дека се работи на решение за времетраењето на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната за што вели дека во Брисел се одржуваат редовни состаноци, процес во кој олеснувач е Транспортната заедница. Закоњшек денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ги презентираше клучните наоди од Годишните извештаи за […]

Законот за високо образование оди во владина процедура: Постигнат договор за Хиршовиот индекс


Министерството за образование и наука (МОН) ги заокружи преговорите за новиот закон за високото образование. Последната средба на оваа тема, министерката Весна Јаневска ја оствари со коалицискиот партнер „Вреди“, со што се отвори патот законот утре да биде проследен во владина процедура. Министерката Јаневска информираше дека биле разгледани шест точки, од кои пет биле веќе […]

Си краделе струја на Попова Шапка – треба да платат над 22.000 евра


Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка. „Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар. Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење. Поднесена е Пријава за […]

Во МКЦ започнува програмата Dance Tech на фестивалот Танц Фест 2026


Денес, 21 април, во 20 часот, во Младинскиот културен центар, започнува програмата Dance Tech на фестивалот Танц Фест 2026. РЕСЕТИРАЈ! „Ѕверови и демони“, во изведба на Си Жил Жобен (Studio44MocapLab) од Женева, Швајцарија, во кореографија на Жил Жобен, добитник на Гран при-наградата за швајцарски танц за 2015 година,  е хибридна танцова претстава која го истражува односот помеѓу човечкото тело и дигиталниот свет, […]

Наградата „Менада“ на „Танц фест“ постхумно за Антон (Тони) Баталаков и специјална награда за Општина Битола


  Бордот на интернационалниот фестивал ТАНЦ ФЕСТ 2026, за 22-то издание, донесе одлука Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност да ја додели постхумно на балетскиот уметник и доајен на македонскиот балет Антон (Тони)  Баталаков. Воедно, со оглед на развојот на фестивалот и официјално во други градови освен Скопје, и одличната соработка […]

Tворештвото на нобеловката за Ани Ерно во фокус на книжевната средба во Францускиот институт во Скопје


Францускиот институт во Скопје организира книжевна средба насловена „Tворештвото на Ани Ерно: сеќавање, жена и општество”, по повод Светскиот ден на книгата. Настанот ќе се одржи во петок, 24 април 2026 година, во 13 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Скопје. Средбата ќе ја отворат Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека, и Грегоар Жислер, директор на […]

(Видео): Тигар скокна во публика во циркус во Русија


Руските власти започнаа кривична истрага откако тигар скокна во преплашени гледачи во циркус во Ростов на Дон, јужна Русија. Инцидентот се случил за време на претстава во која три тигри и двајца дресери биле во арената, според снимките објавени од локалните медиуми. Кога заштитната бариера помеѓу публиката и животните попуштила, еден тигар скокнал преку неа […]

Тамара со нов албум и концерт во октомври: Во „Кукла жива“ секој ќе се пронајде себе си


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска подготвува голем концерт на 3 октомври во арена „Борис Трајковски“, со кој ќе одбележи 25 години кариера, а паралелно работи и на новиот албум „Кукла жива“. Албумот, кој содржи 11 песни, е резултат на соработка со Коста Петров, додека на концертот ќе настапи со оркестарот на Џијан Емин. „Новиот албум ‘Кукла жива’ е рефлексија […]

Филипче: Само Европското обвинителство ќе ја врати вербата во правдата


Во интервју за телевизија Сител, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека само  Европското обвинителство ќе ја врати вербата во правдата кај нас. „Ние ќе го донесеме Европското обвинителство на кое што никој нема да може да му влијае. Гледајте како европската обвинителка до скоро  беше активна и какви случаи расчистуваше  во регионот. И само […]

Над 65 издавачи и повеќе од 150 активности најавени на Саемот за книга во Скопје


Над 65 издавачи и повеќе од 150 активности беа најавени на годинашниот Саем за книга, на денешната прес-конференција на која Даниела Глигоровска, извршен директор, Сања Кондарко, оперативен директор на Саемот на книга и Бојан Саздов, претседател на Македонска асоцијација на издавачии (МАИ), информираа за тоа што е планирано. Работното време на Саемот ќе биде од […]

До четврток нестабилно време со дожд и утрински температури под нулата


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а денес и утре и појава на грмежи, соопшти УХМР. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните […]

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии


Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), кој при извршен надзор констатирал нерегуларности при упис на студенти на магистерски и на докторски студии. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот […]