Иран ги кажа условите за учество на репрезентативците на Мундијалот 2026


Иранскиот министер за спорт Ахмад Доњамали објави дека репрезентацијата може да учествува на Светското првенство во 2026 година, под услов безбедноста на нејзините играчи да биде обезбедена.

– Доколку безбедноста на репрезентативците во Соединетите Американски Држави е обезбедена, ќе одиме на Светското првенство. Сепак, одлуката за учество ќе ја донесат владата и Врховниот совет за национална безбедност на Иран, ја цитираше неговата изјава новинската агенција Тасним.

Претходно беше објавено дека Иран размислува да се повлече од турнирот поради конфликтот со Соединетите Американски Држави и Израел. 

Иран треба да игра во Г-групата со Нов Зеланд, Белгија и Египет.