Распоред на натпреварите на македонските репрезентации на Светското училишно првенство во ракомет
Сѐ е подготвено за Светското училишно првенство во ракомет – IFS чиј домаќин е нашиот главен град Скопје. Овој голем спортски настан официјално ќе стартува со денешното свечено отворање кое ќе се одржи на плоштад „Македонија“ со почеток во 19:30 часот.
Македонската машка репрезентација ќе игра во А-групата во салата „Македонско сонце“.
На првиот меч утре ќе се соочи со Бугарија (10:30 часот);
на 23 април (08:30 часот) противник ќе и биде Грузија;
на 24 април (10:30 часот) ќе се сретне со Република Српска
на 26 април ривал ќе и биде Саудиска Арабија.
Женската македонска репрезентација ќе игра во групата Ц со Белгија (22 април), Грузија (23 април) и Словачка (24 април). Сите натпревари нашата репрезентација ќе ги игра во салата „Крсте Мисирков“ – Гази Баба.
Светското училишно првенство во ракомет е прв голем настан кој се одржува во нашата држава. Истиот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт.