По Грција и европските сили, и Турција распоредува Ф-16 на Кипар


Анкара – Турција размислува за распоредување на воени авиони Ф-16 (F-16) на Кипар со цел да ја гарантира безбедноста на самопрогласената Турска Република Северен Кипар (ТРСК) поради ширењето на конфликтот со Иран во регионот, пренесува  весникот „Сајпрус мејл“ (Cyprus Mail). Според весникот, кој пренесува извори од турското Министерство за одбрана за „Ројтерс“,  четири ловци Ф-16 […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Протестниот марш за 8 Март


Поради протестен марш по повод Меѓународен ден на жената, утре (8 март) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот на повеќе улици во централното градско подрачје. Маршот ќе започне во 12:00 часот од Парк „Жена Борец“, по што учесниците ќе се движат по следната траса: ул. „11 Октомври“ → ул. „Димитрија Чуповски“ → ул. „Даме Груев“ → […]

Адвокатот кој ги застапува Македонците во Бугарија во Стразбур доби забрана за влез во Бугарија


Адвокатот Тони Менкиноски денеска ја информираше јавноста дека бугарските власти му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од 10 години. Одлуката му била врачена на 6 март 2026 година, при обид да влезе во земјата преку граничниот премин Златарево. Во образложението е наведено дека тој наводно претставува закана за националната безбедност на […]

Драмски доби 108 илјади евра за шест претстави


Околу 108 илјади евра (6.720.000 денари) доби Драмскиот театар во Скопје од Министерството за култура и туризам за реализација на годишната програма. Од лани, Министерството доделува делегиран буџет на повеќе национални установи. Првата премиера за оваа година е вечерва, на претставата „Ова е само крајот на светот“ од Жан-Лик Лагарс, во режија на Теа Беговска, […]

Од Техеран до Донбас: Што значи војната во Иран за Русија и Украина


Ненадејното избивање на војна во Иран го сврте вниманието на светот од Источна Европа кон Персискиот Залив и поширокиот Блиски Исток. Сепак, за Украина импликациите од овој нов конфликт се далеку од периферни. Војната во Иран ќе ја обликува достапноста на клучните системи за воздушна одбрана, ќе го промени протокот и цената на нафтата што […]

Вашингтон го вооружува Израел: 12.000 бомби за војна со Иран


Вашингтон – Американскиот Стејт департмент одобри испорака на 12.000 воздушни бомби за Израел во вкупна вредност од 151,8 милиони долари, во време кога конфликтот на Блискиот Исток драматично се шири по заедничката воена операција на САД и Израел против Иран. Како што објави американскиот Стејт департмент, израелската влада побарала купување на 12.000 воздушни бомби BLU-110A/B […]

Холивуд се врти против Тимоти Шаламе, додека се појавува тајната кампања за Оскарите


Лос Анџелес – Трката за најдобар глумец на претстојните Оскари одеднаш се претвора во една од најнепредвидливите пресметки во поново време. Со месеци, Тимоти Шаламе изгледаше незапирливо благодарение на неговата улога во „Marty Supreme“. Сепак, како што се затвора последната рунда на гласање, расположението во Холивуд се чини дека се менува. Ривалите добиваат на сила, […]

Ендрју да се отстрани од линијата на наследување, повикува канадскиот премиер


Токио (АП) — Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да биде отстранет од кралската линија на наследување поради неговите „непристојни“ постапки. Во разговор со новинарите во Токио, Карни рече дека постапките што доведоа до одземање на неговите кралски титули „налагаат“ негово отстранување од линијата на наследување. И покрај тоа што му беше […]

„Фич“ го потврди рејтингот на Хрватска


Премиерот Андреј Пленковиќ денес оцени дека најновиот извештај на меѓународната агенција Фич, кој го потврди кредитниот рејтинг на Хрватска од А-, потврдува дека агенциите за кредитен рејтинг ја сметаат Хрватска за политички и економски стабилна земја, сигурна за инвестиции. Фич го потврди кредитниот рејтинг на Хрватска од А- во петокот, со стабилна перспектива, а Банске […]

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март, ќе се приклучи на протестот „Нема да не снема“


СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март што требаше да се одржи утре во Богданци и се приклучува на протестот „Нема да не снема“, соопшти денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. Како што истакна Филипче на прес-коференција, СДСМ утре ќе биде со граѓаните. -И оваа година требаше да го одбележиме 8 Март, но трагичниот […]

Германски вицеканцелар: Ова не е наша војна, ние нема да учествуваме во таа војна


Германија нема да се придружи на војната што ја започнаа Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, потврди германскиот вицеканцелар Ларс Клингбаил. Да бидеме апсолутно јасни, ова не е наша војна и ние нема да учествуваме во таа војна, рече Клингбаил во интервју за медиумската мрежа RND, пренесува Анадолу. Клингбаил предупреди на големата опасност светот […]

Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни, уверува Мицкоски


Скопје – Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за […]

Започна изградбата на новиот кампус на Универзитетот Мајка Тереза, ќе чини 42 милиони евра


Започна изградбата на новиот, модерен кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на која присуствуваше премиерот Мицкоски. Владата донесе одлука со која се обезбедени вкупно 42 милиони евра за реализација на овој значаен проект. Од нив, 40 милиони евра се наменети за изградба на објектите, а околу 2 милиони евра за надзор на градбата. Новиот […]

Владата неделава ќе излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неделава се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител. -Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот, рече Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот […]

Дали цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти: Еве што вели Ѓорѓиевски


Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, но приоритет ќе имаат двата монтажни паркинга во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти во наредниот период, а откако ќе се изградат монтажните паркинзи ќе биде утврден за дополнителните позиции нов правилник, но […]

OJO ја потврди суровоста – побара притвор за сопругот на Ивана


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Според Обвинителството, од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па се до 2 […]

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти


Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150 илјади британски фунти кои не биле пријавени согласно законските обврски. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани. Како што […]

„Бехтел и Енка“ отпушта македонски работници: Државата вели редовно плаќа и префрла средства


Повеќе работници во „Бехтел и Енка“ утрово протестираа пред влезот на кампот на компанијата во близина на автопатот Тетово-Гостивар. Тие се жалат дека се отпуштени без претходна најава (отказен рок), иако како што посочуваат, имаат важечки договори. Причина за отпуштањата како што им било кажано е тоа државата не префрлила средства за проектот на кој […]

Тој упадна во Капитол, Трамп го помилува. Доби доживотна казна затвор за злоупотреба на деца


Маж помилуван од претседателот Доналд Трамп за неговата улога во нападот врз Капитол на 6 јануари е осуден на доживотен затвор за злоупотреба на деца и сродни кривични дела. Ендру Пол Џонсон беше уапсен во август минатата година, девет месеци откако Трамп го помилува него и стотици други обвинети во немирите на 6 јануари, чии […]