Доајените на културата „извисија“ – ништо од враќањето на разликата до највисоката пензија


Нема да се менува или дополнува Законот за култура за носителите на државните награди, ни потврди министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција во Влада, на прашање на „Независен“. Не поминала на седница на Влада барањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за потребата од измени и дополнувања за Законот […]

ЕУ Делегацијата со поддршка за емитувањето на седниците на Уставен во живо


Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска изрази поддршка за идејата на Уставниот суд кој одлучи дискусиите од седниците да ги емитува во живо. На официјалниот Twitter профил од ЕУ Делегацијата испратија порака до јавноста:  „Добар чекор за транспарентноста во Република Северна Македонија, граѓаните сега можат  да ги следат седниците на Уставниот суд онлајн, во […]

Кипар воведува нов механизам за информирање на граѓаните за евентуална опасност преку апликацијата за засолништа SafeCY


Атина – Нов механизам за брзо и непосредно информирање и рано предупредување на населението во случаи на опасност или вонредна состојба, воведе кипарската Влада преку постоечката апликација SafeCY, чија првична намена е лоцирање на најблиските засолништата, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираше министерот за внатрешни работи на Кипар Константинос Јоану преку функцијата за […]

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили


Централната команда на САД (Центком) ги предупреди цивилите во Иран „веднаш да ги избегнуваат“ сите пристаништа долж Ормускиот теснец каде што оперираат иранските поморски сили. Центком соопшти дека „иранскиот режим користи цивилни пристаништа за воени операции кои ја загрозуваат меѓународната пловидба“. „Оваа опасна акција ги ризикува животите на невини луѓе“, се вели во пораката со […]

Повеќе туристи, но помалку ноќевања во јануари


Бројот на туристите во јануари годинава изнесува 52 943, од кои 38,2  проценти се домашни, а 61,8 проценти странски, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).  Најмногу странски туристи во јануари годинава имало од Турција, 6 732, Србија, 3 563, Бугарија, 3 256, Грција, 3 060, … Во јануари се реализирани 103 983 ноќевања, 45,5 […]

Истрагата покажа дека САД го погодиле училиштето со девојчиња во Иран, објави „Њујорк тајмс“


  Тековната воена истрага утврди дека САД се одговорни за смртоносен ракетен напад врз основно училиште во Иран, потврдија американски официјални лица и други извори запознаени со прелиминарните наоди. Нападот со ракетата „Томахавк“ од 28 февруари се случил поради грешка во насочувањето од страна на американската војска, која користела застарени податоци од Агенцијата за одбранбено […]

Што му кажаа странските инвеститори на премиерот Мицкоски


  Странските инвеститори денеска го потврдија сојузништвото со Владата во делот на (не)зголемувањето на минималната плата, но истовремено на маса го ставија и прашањето за исплатата на државната помош што лани доцнеше прв пат откако оваа практика за поддршка на странските инвестиции беше воведена кај нас. Странските инвеститори во земјава исто така се „избоксуваа“ за […]

За прв пат од 2023 година, руската армија почна да губи територија во Украина


  Украинската армија ослободи повеќе територија отколку што изгуби во последните две недели од февруари, според Институтот за проучување на војната (ИСВ). Како што се наведува во извештајот на ИСВ, ова е прв пат ова да се случи од летната контраофанзива на украинските вооружени сили во 2023 година. Според претседателот Володимир Зеленски, украинските сили ја […]

„Безбеден град“ уставно „обезбеден“


Уставниот суд ги отфрли иницијативите со кои се бараше да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите од Законот за прекршоци. Иницијативите ги поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, кој реагираше поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. […]

Одбележана годишнината од депортацијата на македонските Евреи: Сеќавањето мора да се одржи живо


  Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото и не смееме да се плашиме од најтемните поглавја од историјата, туку да ги признаеме ужасните извесности, како и празнините, неизвесностите и прашањата што остануваат без јасни одговори до ден денес. Не смее да […]

Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие – пет лица приведени во Гостивар, Крива Паланка, Битола и Охрид


Шест одделни случаи на семејно насилство, при што полициски службеници привеле пет лица осомничени за различни облици на физичко и психичко насилство биле пријавени во текот на вчерашниот ден во повеќе градови низ државава, соопшти Министерството за внатрешни работи.  Полицијата од ОВР Гостивар го лишила од слобода 27-годишниот Ј.З. од село Долна Бањица, по пријава […]

Мелбурн прогласен за најдобар град во светот: Еве што ги воодушевува туристите


  Британското списание „Тајм аут“ објави листа на 50-те најдобри градови во 2026 година, а Мелбурн го освои првото место. Тој доби пофалби за својата гастрономска, културна и уметничка сцена. За да го пронајде победникот, „Тајм аут“ анкетираше околу 24.000 луѓе за тоа каде живеат, врз основа на 44 критериуми – од храна, ноќен живот […]

Ќе биде ли навистина независен новиот јавен обвинител Савески?


  Додека се чека гласањето во Собранието околу новиот предлог за државен јавен обвинител, во политичките и во правосудните кулоари Ненад Савески не е дочекан „на нож“. Напротив, владее голема воздржаност околу неговиот избор. Имајќи ги предвид досегашните именувања од владата, главната опозициска партија СДСМ порача дека нема веднаш да излегува со оценка, туку ќе […]

Договорено историско ослободување на нафта од глобалните резерви (видео)


Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно одлучија да започнат со најголемото ослободување на резерви за итни случаи во историјата на организацијата, објави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол. „Земјите на ИЕА ќе ослободат 400 милиони барели нафта за да го надоместат изгубеното снабдување поради виртуелното затворање на Ормутскиот теснец“, рече Бирол во обраќање […]

За 11 дена војна со Иран САД и сојузниците истрелаа 1.000 ракети „Патриот“. Украина за четири години 600


  Киев не е без причина загрижен дека војната на Блискиот Исток би можела да ги остави САД и нивните сојузници без доволно снабдување со вредни пресретнувачки ракети. Неподготвени за можноста иранските власти да ја повторат тактиката на нивниот сојузник Владимир Путин и да започнат масовно гранатирање на градови во соседните земји доведе до потреба […]

Мицкоски сега го цитира Наполеон


  Премиерот Христијан Мицкоски често сака да цитира познати политичари или научници за да им даде поткрепа на некои свои изјави или политики. Сега дојде на ред да позајми мисла од големиот генерал, а потоа и император на Франција, Наполеон Бонапарта. „Ќе се повикам на онаа позната Наполеонова изрека којашто вели дека ‘можеби не треба […]

Билетите за дружење со Меган Маркл чинат 1.665 евра, плус фотографија – уште 300 евра


Принцот Хари и Меган Маркл следниот месец се упатуваат кон Австралија на интензивна турнеја, за време на која Меган ќе биде почесен гостин на „женски викенд одмор“ во Сиднеј. Војвотката од Сасекс ќе одржи говор на гала вечерата, а имателите на ВИП билети ќе можат да се фотографираат со неа, но цените ги шокираа обожавателите, […]

Судскиот совет утврди застарени предмети поради неразумно одолговлекување


Судскиот совет на денешната  седница констатира сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелацискиот суд Скопје поради неразумно одолжување на судските постапки, што резултирало со апсолутна застареност на предмети. На седницата беа разгледани и усвоени извештаите од работните групи по извршените увиди во Основниот суд Тетово и Апелациските судови во Гостивар и […]

Иран се заканува со цена на нафтата од 200 долари за барел


По претходната политика на „одмазднички удари“, Иран преминува кон тактика на „континуирани напади“ врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата, објави оперативната команда на армијата Хатам Ал-Анби. Хатам ал-Анбија е главната оперативна команда на иранските вооружени сили што ги координира воените операции на редовната армија и Револуционерната гарда. […]

Мицкоски оптимист: Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши со годишни визи


Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекртарен влез и излез од Шенген зоната, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што информира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, веќе се разговара на билатерално ниво со неколку држави од ЕУ кои се истовремено и членки на Шенген зоната. -Предизвикот со транспортерите е […]