Јужна Африка распоредува војници на улиците на Јоханесбург за борба против организираниот криминал


Војници се распоредени на улиците на Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, во обид да ѝ помогнат на полицијата во борбата против бандите и нелегалното рударство. Ова беше првото големо распоредување на војници откако претседателот Сирил Рамафоса во своето годишно обраќање за состојбата на нацијата минатиот месец изјави дека ќе ја употреби војската против организираниот […]

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје


Со 54 милиони денари, инвестиција на Министерството за спорт, комплетно ќе се реконструира и адаптира спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Градежните работи официјално ќе стартуваат денеска, по што предвидени се обраќања на министерот за спорт, Борко Ристовски, ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова и претседателката на Универзитетското студентско собрание […]

Пет бродови нападнати во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец


Ирански бродови натоварени со експлозив се чини дека нападнале два танкери за гориво во ирачките води, запалувајќи ги и убивајќи еден член на екипажот денеска, откако гранати погодија три брода во водите на Персискиот Залив, соопштија пристанишните, поморските фирми за безбедност и проценка на ризик. Најновите напади означуваат ескалација на конфликтот меѓу Иран и американските […]

Комеморативна седница во Собранието за годишнината од трагедијата во Кочани


Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени. На 14 март Владата ќе одржи Меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат […]

Саудиска Арабија купува ракети-пресретнувачи на дронови од Украина


Саудиска Арабија потпиша договор со Украина за купување на украински ракети-пресретнувачи на дронови, објавија украинските медиуми. Двете земји исто така преговараат и за многу поголем договор за вооружување, што набрзо би можел да биде финализиран. Украина се обидува да ги продаде своите поевтини решенија на светот, особено своите беспилотни летала-пресретнувачи, кои широко ги користи против […]

Амбасадата на САД во Ирак им препорача на Американците да бидат внимателни


Амбасадата на САД во Багдад вчера ги предупреди своите државјани во Ирак дека постои опасност да бидат киднапирани бидејќи вооружени групи поддржани од Иран напаѓаат хотели каде отседнуваат Американци. Поради тоа Амбасадата им препорача на Американците во Ирак да бидат внимателни. Американската амбасада предупреди и дека Иран и групите поддржани од него, можеби планираат напади […]

Светски ден на бубрегот 2026: „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’


 Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ по повод Светски ден на бубрегот во Македонија денеска во Скопје организира настанот под мотото „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’. На отворањето на настанот, како што најавува организаторот, ќе се обратат министерот за здравство, Азир Алиу; директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, […]

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „ја добиле војната со Иран, но дека САД ќе останат во борбата за да го завршат она што го започнаа“. „Никогаш не е добра идеја да се каже прерано дека сте победиле. Ние победивме“, рече Трамп на настан за време на кампањата во Хеброн, Кентаки. „Во првиот час, […]

На Флорида средба помеѓу Дмитриев и Виткоф


Руска делегација предводена од специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев оствари средба со американска делегација во Флорида, изјави специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. Тој на платформата Икс објави дека делегациите разговарале за „различни теми“ и оти се согласиле „да одржуваат контакт“. Додека Дмитриев, исто така на Икс, му се заблагодари на Виткоф, на зетот […]

„Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“ – изложба на современи австриски уметници


Во Чифте амам вечерва ќе биде свечено отворена изложбата на современи австриски уметници „Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“, во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија. На изложбата ќе биде претставено современото австриско сликарство инспирирано од пејзажи, урбани мотиви, флора и фауна.  На отворањето на изложбата ќе се обратат […]

Сончево и топло, наутро – 4 степени, преку ден до 21


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната […]

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?


  Сезоната на млад кромид полека започнува и веќе можеме да го најдеме на пазарите и во супермаркетите. Оваа свежа, зелена храна е една од првите што пристигнува со доаѓањето на пролетта и често се смета за вистински предвесник на новата сезона на трпезата. Со препознатлив вкус, младиот кромид лесно се вклопува во бројни оброци. […]

Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле


Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (12.03.2026, четврток), неколку скопски населби ќе останат без снабдување со електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните за следниот распоред:   Карпош (08:30 – 12:30 часот): Корисниците на ул. „1506 Скупи“, дел од ул. „Никола Карев“ (кај река Лепенец) и објектите околу „Стоп енд Го“. […]

Иран се заканува со одмазда доколку неговите пристаништа бидат нападнати


Иранската Револуционерна гарда денеска предупреди на масовни одмазднички напади доколку пристаништата во земјата бидат подложени на напад, пренесе ДПА. Портпаролот на вооружените сили, Аболфазл Шекарчи, изјави дека доколку се остварат американските закани против иранските пристаништа, ниту едно пристаниште, економски центар или локација во Заливот нема да остане безбедна, според изјавите пренесени од новинската агенција „Фарс“, […]

Николоски во Светска банка ги презентирал коридорите 8 и 10 и модернизацијата на железницата


Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството со Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкурентност, наведува во објава на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во посета на САД. Николоски истакнува дека инвестициите во инфраструктурата, транспортот […]

Tреба да има фер цени на производите, не и ново зголемување, вели Мицкоски


Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и оти не треба да има ново зголемување, информираше премиерот Христијан Мицкоски  по средбата што се одржа попладнево во Владата.   Преку објава на социјалните мрежи, премиерот нагласува дека нема да дозволат отстапувања и профитерство. -Имав средба со големите маркети. Активно ја […]

Бред Пит на 62 години изгледа неверојатно, хирург тврди дека знае зошто


Познатиот пластичен хирург Тери Даброу смета дека Бред Пит и на 62 години може да и се заблагодари на својот младешки изглед на таканаречената „женска убавина“. Зборувајќи за изгледот на познатиот актер и шпекулациите за козметичките процедури, д-р Даброу ја претстави својата теорија за подкастот misSpelling. Пофалби, но и сомнежи “Ако има некој кој воопшто […]

Шефот на Пентагон потрошил милијарди долари на јастози, шницли, мебел, клавир…


Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави потроши повеќе пари минатиот септември отколку во која било година од 2008 година, но голем дел од таа сума не отиде на она што може да се смета за критична воена потрошувачка. Според анализата на организацијата Open the Books, само во септември, последниот месец од фискалната 2025 година, […]

Трамп и Епштајн во сцена од „Титаник “ на Националниот плоштад во Вашингтон


Вашингтон – Во центарот на американската престолнина се појави несекојдневна и провокативна уметничка инсталација која веднаш го привлече вниманието на јавноста и медиумите. На 10 март на Националниот плоштад во Вашингтон беше откриена златна статуа на која се претставени американскиот претседател Доналд Трамп и финансиерот Џефри Епштајн во сцена која потсетува на познатата сцена од […]

Мистерија во Израел: Каде исчезна Нетанјаху?


Тел Авив – Одредени медиумски извори на хебрејски јазик започнаа со шпекулации за можна повреда или дури и смрт на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на наводите кои се шират на социјалните мрежи и одредени интернет портали во последните денови. Причина за ваквите шпекулации, како што се наведува, е […]