Македонија останува делумно слободна земја – покажува извештајот на „Фридом хаус“


Северна Македонија останува делумно слободна земја – покажува последниот извештај на „Фридом хаус“ за 2025 година во кој на глобално ниво се оценува пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи. Принтскрин: Извештај на „Фридом хаус“ На скала од 0 до 100 поени, на која 0 поени означува неслободна, а 100 поени слободна […]

ЕУ повикува на воздржаност на Блискиот Исток, откако Трамп се закани со големи напади


 Лидерите на Европската унија повикаа на смиреност на Блискиот Исток на самитот во Брисел, по нападите врз енергетските објекти и заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз големо иранско гасно поле. „Ќе се залагаме за деескалација и враќање на стабилноста на Блискиот Исток“, рече францускиот претседател Емануел Макрон, по пристигнувањето на состанокот денеска. […]

Промовирани методи и решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини


Современи научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини, со особен фокус на локалните предизвици во градот Скопје, се промовирани на дводневната работилница „Чист воздух и одржливи градови: современи научни и практични пристапи кон одржливо управување со квалитетот на урбаниот воздух – меѓународни искуства и локални предизвици“, што се одржа во […]

Кандидатите за ДКСК негираат дека донираат за партија, Клековски не верува ни дека ќе биде избран


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата заедно со членовите на Комисија за селекција денеска спроведе јавни интервјуа со пријавените кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Требаше да се престават  пет кандидати, но една од нив, Марија Китанов Катралова, не присуствуваше  и согласно правилникот, нејзината кандидатура беше отфрлена. Најмногу […]

Нема интернет, Русите нагрнаа на купување воки-токи, пејџери и харитени мапи на Москва


  Русите сè повеќе бараат начини да ја напуштат земјата, бидејќи широко распространетите исклучувања на мобилниот интернет и економските тензии го нарушуваат секојдневниот живот, според податоците на Гугл трендс, кои ги истакнува медиумот „Верстка“. Интересот за пребарувања како „напуштете ја Русија“ падна по мобилизацијата во септември 2022 година, но повторно се зголеми од крајот на […]

Оџачарот Дино од Куманово и годинава во хумана мисија за Кочани


Кумановецот Амзир Рушити-Дино, оџачар повторно ќе чисти оцаџи, а средствата ќе ги намени за засегнатите од трагичниот настан од Кочани. Тој во денешната изјава за медиумите рече дека бесплатно ќе ги исчисти оџаците на сите кои ќе му покажат уплатница дека донирале на здружение на граѓани за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“. Лани, тој чистеше оцаџи […]

Руските загуби во Украина забрзано растат последните денови


  Руските загуби се зголемија во текот на изминатите неколку дена, според Генералштабот на Украина, пишува „Киев индепендент“, бидејќи борбите се интензивираат низ клучните сектори на фронтовската линија во источна и јужна Украина, поради очекувањата за поширока руска пролетна офанзива. Киев пријави 1.520 руски жртви на 19 март, по 1.710 на 18 март – околу […]

Вучиќ: Од утре дизелот реално ќе чини 250 динари, можеби и повеќе


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека од утре дизелот би можел да чини и до 250 динари за литар. Вучиќ, одговарајќи на прашањата на новинарите во фабриката „Тојо Тајр“ во Инѓија, оцени дека хаосот на Блискиот Исток ги урнал сите пазари и дека во САД цената на горивото скокнала од 2,8 на 3,9 долари, […]

Џеј-Зи повторно го смени своето уметничко име


Американскиот рапер и милијардер Џеј-Зи повторно го менува своето сценско име, а промената е веќе видлива на сите музички платформи и стриминг услуги. Музичарот, чие вистинско име е Шон Кори Картер, одлучи да го направи овој потег пред настапот со групата The Roots, закажан за 30 мај во Филаделфија. Ова е уште една во низата […]

Белата куќа размислува за испраќање илјадници војници во Иран: извештај на Ројтерс


  Администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува за распоредување илјадници војници за зајакнување на својата операција на Блискиот Исток, додека војската на Соединетите Американски Држави се подготвува за можни следни чекори во војната против Иран, објави агенцијата Ројтерс, цитирајќи американски функционер и три лица запознаени со ова прашање. Распоредувањата би можеле да му помогнат на […]

Ќе добијат 25.000 евра ако се откажат од возење во следните 5 години


Владата на Малта има необична понуда за младите возачи кои се подготвени привремено да се откажат од возењето. Имено, нуди 25.000 евра за оние што ќе се откажат од возачката дозвола во период од пет години, пишува Index. Целта на оваа државна програма е да се намали сè поголемиот број на автомобили на патиштата и […]

Нов заем од 40 милиони евра за втората фаза од инвестициите во образовната инфраструктура


Договор за заем вреден 40 милиони евра за реализација на втората фаза од инвестициите во образовната инфраструктура и договор за дополнителен грант од 1,25 милион евра за зголемување на енергетската ефикасност се потпишани денеска со Германската развојна банка КфВ. Како што информира Министерството за финансии, со договорот за заем се обезбедуваат дополнителни 40 милиони евра […]

Ако викендов одите кон Галичник – внимавајте!


Поради снежните врнежи од синоќа, патот кон Галичник има наноси од снег.   – Патот е прооден, но задолжително е возилата да бидат опремени со зимска опрема (зимски гуми и ланци). Апелираме до сите кои ќе се упатат кон Галичник да возат внимателно и прилагодено на условите на патот -информираат од месната заедница.   Согласно […]

Мисијата на ММФ во УЈП: Даночната дисциплина и реформите се основа за одржлив раст на приходите


 Растот на даночните приходи во 2025 година и позитивниот тренд во 2026 година не се случајност, туку резултат на системски мерки, истакна раководството на Управата за јавни приходи (УЈП) на средбата со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Ник Гигинеишвили, во рамки на мисијата за членот 4. Како што информира УЈП, состанокот помина […]

Нападот на Иран уништи 17 проценти од капацитетот на Катар за течен природен гас


  Катар би можел да се соочи со години намален извоз на природен гас откако иранските напади оштетија клучна енергетска инфраструктура, уништувајќи значителен дел од нејзиниот капацитет за производство на течен природен гас (ЛНГ), изјави за Ројтерс главниот извршен директор на „КатарЕнерџи“. Саад ал-Кааби рече дека нападите онеспособиле две од вкупно 14 производствени единици за […]

Мартовските пензии ќе се зголемат линеарно за 1.000 денари, усвоени законските измени


Пратениците во рамки на денешната 94. седница дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, и двата по скратена постапка. Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 […]

Изградбата на Коридорите 8 и 10 д нема да се финансира само од Буџетот, туку и од приходите на ЈПДП


Пратениците во рамки на денешната 94. седница дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д […]

Филипче најави предлог закони за намалување на цените на горивата и храната


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција најави дека ќе поднесе предлог-закони со кои ќе се намалат акцизите на горивата, ДДВ-то на основните прехранбени производи и преполовување на цената на патарините. Тој упати апел власта да ги прифати законските решенија со цел, како што рече,  да им се излезе во пресрет на потребите на […]

Од 13.000 до 25.000 евра месечно: Толку добиваат експерти од Македонија и Србија за изградбата на автопатиштата


  Македонски и српски експерти добиваат месечни хонорари од 13.000 до 25.000 евра за нивниот ангажман во изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10, што ги градат компаниите „Бехтел и Енка“. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во рамките на проектот „Јавен надзор над јавните набавки“. Истражувањето открива дека […]

Поради Рамазан Бајрам, ЈСП ќе вози по неделен возен ред


ЈСП „Скопје“ информира дека  за време на трите дена од продолжениот викенд (20.03.2026 год. – 22.03.2025 година), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.   Работно време на билетарници и центри за персонализација Во петок (20.03.2026 год.) и недела (22.03.2026 год.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар. Во […]