Мерц, Макрон, Стармер и Мелони разговараа за дипломатска координација на кризата на Блискиот Исток


 Лидерите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија денеска во телефонски разговор се согласија да работат заедно на „дипломатска и воена координација“ како одговор на ескалацијата на војната на Блискиот Исток предизвикана од нападите на САД и Израел врз Иран и одговорот на Техеран, објави британската влада. Фридрих Мерц, Емануел Макрон, Кир Стармер и Џорџа […]

ОН: Најмалку 50.000 Сиријци избегале од Либан


Најмалку 50.000 Сиријци избегале од Либан поради израелските напади, соопшти Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации. Организацијата забележа дека бројката не ги вклучува оние за кои се верува дека избегале вчера, откако Израел нареди евакуација на целото население од јужните предградија на Бејрут, објави Ал Џезира. Пред падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад минатата […]

Водата во Струга безбедна за пиење, по еден месец тргната забраната


 Забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга се укинува, соопшти попладнево на официјалната фејсбук страница јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Информацијата ја сподели и Општина Струга. Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на анализата на примероците од водата од изворот „Шум“ во последните денови.  – Според најновите […]

Израел нападна либански град под заштита на УНЕСКО, едно лице е убиено


Израел го нападна древниот либански град Тир, убивајќи најмалку едно лице во областа во близина на локацијата на УНЕСКО. Нападот се случи на петтиот ден од конфликтот меѓу Израел и Хезболах, објавија државните медиуми и агенцијата АФП. Фотограф на АФП од местото на настанот објави дека спасувачките екипи пронашле најмалку едно тело. Во близина на […]

Кои земји од ЕУ се најпогодени од прекинот на снабдувањето со гас од Катар?


Нападите на Иран врз Катар доведоа до прекин на производството на течен природен гас (LPG) и значителни прекини во превозот низ Ормутскиот теснец, што предизвика загриженост на европските енергетски пазари. Иако Европската комисија тврди дека нема непосредна опасност од недостиг на гас, цените на холандската берза TTF, клучна референтна точка за Европа, се зголемија во […]

Брисел ги смирува Орбан и Зеленски околу нафтоводот „Дружба“


Европската комисија јавно ги повика унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски итно да ја смират „запаливата реторика“ околу нафтоводот Дружба, што ги доведе двајцата лидери во невиден директен конфликт. Брисел изјави дека „таквиот јазик не е прифатлив“ откако Зеленски предложи личниот број на Орбан да им се даде на украинските војници, пишува […]

Германски „Аксел Шпрингер“ го купува британски „Телеграф“ за 662 милиони евра


Германскиот медиумски конгломерат „Аксел Шпрингер“ во петокот објави дека ја купува британската медиумска група „Телеграф Медиа Груп“. „Аксел Шпрингер“ го купува конзервативниот британски весник за 575 милиони фунти (662 милиони евра). Во соопштението, извршниот директор на „Аксел Шпрингер“, Матијас Депфнер, рече: „Се обидовме да го купиме Телеграф пред повеќе од 20 години, но тоа не […]

Кремљ предупреди на руски одговор ако Финска распореди нуклеарно оружје


Москва– Кремљ денеска предупреди дека планот на Владата на Финска да ја укине целосната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија ќе ја зголеми тензијата во Европа и ќе предизвика одговор од Русија. Финска, која има долга заедничка граница со Русија, за време на Студената војна водеше политика на неутралност, но во 2023 година […]

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1


Манама – Неизвесно е одржувањето на трките во формула 1 во Бахреин и во Саудиска Арабија поради војната на Блискиот исток меѓу Израел и САД против Иран. Трката во Бахреин треба да се одржи викендот од 10-12.април, а во Саудиска Арабија една седмица подоцна. Бахреин и Саудиска Арабија со почетокот на војната се на мета на […]

Дарил Хана проговори за аферата со ЏФК по децении молчење


Американската актерка Дарил Хана го критикуваше начинот на кој беше прикажана во новата мини-серија „Љубовна приказна: Џон Ф. Кенеди помладиот и Керолин Бесет“. По една деценија молчење за нејзината врска со Џон Ф. Кенеди помладиот, 65-годишната актерка проговори во есеј за „Њујорк тајмс“, критикувајќи ја хит серијата на продуцентот Рајан Марфи. Серијата од девет епизоди […]

Рајан Гослинг и Ева Мендес се појавија заедно во јавност за прв пат по 10 години


Рајан Гослинг и Ева Мендес ја изненадија јавноста со нивното прво официјално заедничко појавување по повеќе од една деценија. Славниот пар, кој постојано ја криеше својата врска од очите на јавноста, се појави заедно во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ во четврток, 5 март, каде што 45-годишниот актер ѝ приреди на својата сопруга посебно […]

Забраната за управување со моторно возило повеќе не се впишува во возачката дозвола, стапува на сила по добивањето на втората порака


Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за […]

Дојави за бомби во БиХ и Црна Гора. Евакуирани трговски центри и кулата „Аваз Твист“


Полициските служби во БиХ и Црна Гора спроведуваат итни проверки по пријавите за наводно поставени експлозивни направи во неколку згради, вклучувајќи ги трговските центри во Подгорица и кулата „Аваз Твист“ во Сараево, пренесува Анадолу. Полициската управа презема итни мерки откако црногорските медиуми добија извештај преку е-пошта за наводно поставени експлозивни направи во трговските центри „Биг […]

Буџет од над 3,6 милиони денари за 24 проекти на Музеј Куманово


Националната установа Музеј Куманово годинава ќе реализира 24 проекти финансирани преку Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам. Вкупниот буџет изнесува 3.630.114 денари, а најголем дел од средствата се наменети за музејската дејност и за одбележување на 25-годишниот јубилеј на археоастрономскиот локалитет Кокино. Директорката на установата, Марија Живачки, информираше […]

Утре сончево и топло со температури до 18 степени


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура […]

Нови протести пред УЈП во Куманово, три месеци чекаат одговор за оданочувањето на приходите од Авганистан и Ирак


Кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан, денеска повторно протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи, уште еднаш потенцирајќи дека бараат правда, еднаква за сите. Неодамна формираа и граѓанското здружение „Правда за сите“, формирано како реакција за, како што велат, неправедните даночни решенија за оние кои работеле во странство во американски компании во базите […]

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција


Семејство од кумановско пријавило во полиција сомневање дека нивниот 60-годишен брат, кој починал на крајот на минатата година, не починал од природна смрт, туку можеби бил отруен.  Според информациите од СВР Куманово, на 5 март годинава во 14 часот, Д.Е. (50) од селото Довезенце пријавила дека на 31 декември 2025 година околу 22 часот била […]

Трамп сака „безусловна капитулација“ на Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да биде постигнат договор со Техеран доколку Иран „безусловно не се предаде“, една недела по почетокот на војната на САД и Израел против Иран. „Потоа, и по изборот на голем и прифатлив лидер, ние и многу од нашите прекрасни и многу храбри сојузници и партнери ќе работиме неуморно […]

Леброн Џејмс – „човек рекорд“ во НБА лигата


Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс ги поместува границите во НБА лигата и поставува нови рекорди. На дуелот против Денвер, кој неговата екипа го загуби (113:120) постави нов рекорд. Во финишот на првата четвртина успеа да реализира шут. Тоа беше негов 15.838 погоден шут од игра во кариерата, со што го мина легендарниот Карим […]

Натпреварите од Светското првенство ќе бидат прекинати поради реклами


Секоја половина од Светското првенство во 2026 година ќе биде накратко прекината. ФИФА потврди дека ќе бидат воведени паузи од три минути за време на натпреварите, официјално заради хидратација на играчите, но тие исто така ќе им дозволат на радиодифузерите да емитуваат реклами. Одлуката важи за Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Канада […]