Грција ѝ доаѓа на помош на Бугарија: „Го правиме ова за антибалистичка заштита од Иран“


Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас во петокот објави распоредување на системи „Патриот“ во северна Грција за да ѝ обезбеди на Бугарија „антибалистичка заштита од Иран“. Дендиас објави дека батерија „Патриот“ ќе биде преместена на север од земјата „во наредните часови“. Два грчки авиони Ф-16 се преместени и во северна Грција со „ексклузивна задача да […]

ИДЕА ЛАБ освои две награди на BEAM – Best of Event Awards Macedonia


Агенцијата за маркетинг и односи со јавност ИДЕА ЛАБ освои две престижни признанија на овогодинешното издание на BEAM – Best of Event Awards Macedonia, потврдувајќи ја својата позиција како една од водечките агенции во индустријата за организација на настани и бренд комуникации во Македонија. Агенцијата беше наградена со признание за најдобар ПР настан за проектот […]

Манделсон на слобода, но под истрага


Питер Манделсон, поранешниот британски министер и амбасадор во САД, повеќе не е слободен со кауција, но е ослободен во исчекување на истрагата. „72-годишен маж, уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција, е ослободен во исчекување на истрагата. Истрагата е сè уште во тек“, соопшти лондонската полиција, според Скај њуз. Манделсон беше уапсен на 23 […]

Тошковски убеден дека може да се подобри заштитата на жртвите на семејно насилство


Еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. – Можам да претпоставам дека најголемиот дел […]

Може ли Доналд Трамп да го спаси Виктор Орбан?


Унгарскиот премиер Виктор Орбан се соочува со најтешките избори во неговото шеснаесетгодишно владеење, а американскиот претседател Доналд Трамп и неговото движење MAGA се мобилизираат за да му помогнат. Анкетите покажуваат дека Орбан заостанува зад својот поранешен сојузник, а сега главен предизвикувач Петер Маѓар, кој го искористи незадоволството на гласачите од рекордната инфлација, економската стагнација и […]

Што ќе се случи ако добиете забрана за управување моторно возило – чекор по чекор


Министерство за внатрешни работи  ја информира јавноста за законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди.   Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во […]

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов работнички протест на 14 март во Скопје, со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешната прес-конференција во Работничкиот дом, посочи дека ваквата одлука за продолжување на синдикалната […]

Иконскиот капут од Прада на Керолин Бесет Кенеди продаден за 192 илјади долари на аукција, 160 илјади долари повеќе од предвиденото


Ако сакате да изгледате како Керолин Бесет Кенеди, тоа ќе ве чини. Капут што некогаш ѝ припаѓал на покојната сопруга на Џон Ф. Кенеди помладиот, штотуку е продаден за неверојатни 192.000 долари на аукција од страна на Fashion Auctioneer, приближно 160.000 долари повеќе од проценетиот продажен опсег од 15 до 30.000 долари. Дизајниран од Прада, […]

Скопјанец обљубил девојка која стигнала од Германија – не дозволил да ѝ се јави на мајка ѝ


Лишен од слобода Е.А. од Скопје за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена со која претходно се запознал. Во четвртокот, во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал […]

Божиновска: Жените во енергетиката не се исклучок – тие се иднината


Енергетската транзиција е процес кој директно ги засега луѓето, заедниците и економскиот развој, а улогата на жените во оваа трансформација е суштинска, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето на настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“, посветен на улогата на жените во енергетскиот сектор и нивното поголемо вклучување во развојот […]

Кремљ испраќа специјалисти за избори во Унгарија за да му помогнат на Орбан


  Русија испраќа специјалисти за социјални медиуми во Унгарија за да се мешаат во априлските избори во корист на унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави истражувачкиот медиум од Средна Европа „VSquare“ на 5 март, повикувајќи се на три неоткриени европски извори од националната безбедност. Трочлениот тим ќе работи од руската амбасада во Будимпешта во име на […]

Уште три компании за одгледување марихуана ќе останат без лиценци, вели Алиу


По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании.  – Досега 23 компании се процесуирани, досега три се […]

Податоците за растот на градежништвото се фантастични, вели Николоски


Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани се многу охрабрувачки, даваат силен сигнал за стопанството, сигурност, но и поттик за идни инвестиции, што ќе придонесе за уште поголем раст на БДП во идниот период, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата „Раст на економијата – економска […]

Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска


Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените […]

Алиу за непотребните кардиолошки интервенции: Лекарите се уште работат, најверојатно наредната недела ќе бидат соопштени деталите


Лекарите од странство, кои се дел од Комисијата за утврдување на непотребни интервенции извршувани во клиники во земјата, а кои ги откри академик Сашко Кедев се уште работат и како што најави министерот за здравство Азир Алиу најверојатно наредната недела ќе има и прес-конференција на која ќе ги изнесе деталите.  – Тие работат, немам информации, […]

Близу 5.000 не добиле поврат од „МојДДВ“ – УЈП повикува да ја ажурираат трансакциската


Над 917 милиони денари им се вратени на граѓаните преку мерката „МојДДВ“ за скенирани фискални сметки во последното тримесечје од 2025 година. Од Управата за јавни приходи информираат дека средствата веќе се исплатени на повеќе од половина милион корисници, но дел од граѓаните сè уште не можат да го добијат својот поврат поради неточни податоци. […]

„Јебига“ – Дубиоза колектив објави песна за вештачката интелигенција (видео)


Здраво, јас сум вештачка интелигенција. Ова е мојот прес текст. И да, Dubioza Kolektiv штотуку сними песна за мене – и јасно се слуша дека е направена со човечка рака. Да ја правев јас, веројатно ќе беше планетарен хит. Новиот сингл на Dubioza Kolektiv „YEBIGA“ излегува денес на 6 март 2026, а се занимава со тема која веќе […]

Стефковски ги засука ракавите – тргна неколку коли од калта


Под паролата „Акција за почитување на законот и заштита на зелените површини“, градоначаклникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска во соработка со МВР и ЈП Градски паркинг, спроведе акција на патниот правец R-1102, во близина на пазарот за стари работи, од каде со „пајак-службата“ отстранија неколку автомобили, паркирани покрај патот – во калта. Тој, […]

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја гаранција од 100.000 евра


Се намалуваат административните документи со кои компаниите ќе можат да аплицираат за да се стекнат со лиценца, како еден од новитетите кои се уредени во Правилникот за лиценци што го донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) којшто денеска стапува во сила. РКЕ информира дека во новиот  Правилник […]

Унгарците приведоа Украинци кои превезуваа десетици милиони државни пари во кеш. Киев е бесен


   Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја обвини Будимпешта дека ги „зела како заложници“ седумте вработени во украинската државна банка откако вчера беа приведени во Унгарија. Вработените во Ошчадбанка, државната украинска банка, беа приведени додека транзитирале пари меѓу Австрија и Украина со две банкарски возила, пишува „Киев индипендент“. Статусот на приведените лица засега […]