Емир Кустурица се сретна со Путин и побара пари да сними три филмови


  Српскиот режисер Емир Кустурица се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и му рекол дека сака да сними три филма според делата на руските класици. Режисерот изрази надеж дека шефот на Кремљ ќе придонесе за спроведување на овие планови. „Имам идеја… да направам руски триптих, три филма. Првиот ќе се вика ‘Инженер за лесно […]

Преполна сала за конвенцијата на Стево Пендаровски (Галерија)


  Во тек е конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, актуелниот шеф на државата, што се одржува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Салата е преполна со поддржувачи на Пендаровски и на коалицијата на СДСМ што дојдоа од цела Македонија.  На конвенцијата дојде и поранешниот премиер Зоран Заев, кој беше пречекан со големи овации од […]

Битиќи: Со линеарното зголемување на пензиите ќе се зголеми дефицитот во Пензискиот фонд, дел од пензионерите може да останат без пензија


Со линеарното зголемување, се нарушува законското усогласување на пензиите. Повеќе ќе нема усогласување на пензиите, туку еднократно зголемување. Со ваквото зголемување од 5.000 денари, дефицитот во пензискиот фонд ќе изнесува 52 проценти што значи дека пола од пензионерите ќе останат без пензија за некоја година, вели вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир […]

Панел-дискусија: Зборообразувањето е клучен фактор за збогатување на македонскиот јазик


Во Музејот на македонска борба и самостојност, денеска по иницијатива на двајца Зборци, Игор Антов и Виктор Бучковски, се одржа панел-дискусија „Зборообразување – нови димензии на македонскиот јазик“, на која главен фокус беше зборообразувањето како главен начин за креативно збогатување на македонскиот јазик. На отворањето на панел-дискусијата, Антов посочи дека процесот на зборообразување е клучен […]

Села ја доби судската битка со Таравари за печатите


  Првата првна битка за печатите на Алијансата за Албанците ја доби крилото на Зијадин Села. Така одлучи судот во Тетово. Крилото на Арбен Таравари ќе вложи жалба на пресудата. Оваа информација за одлуката на судот во Тетово доаѓа во последниот ден од рокот кога треба да се достават кандидатските листи за паралемнтарните избори. Јасно […]

Блумберг: И покрај санкциите, извозот на руска нафта расте


И покрај острите западни санкции, извозот на руска нафта по морски пат во последната недела од март скокна на највисоко ниво оваа година, пренесува Блумберг. Генерално, просечниот обем на понуда во првиот квартал беше блиску до нивото што Русија им го вети на партнерите „ОПЕК плус“. Минатонеделниот пораст на извозот дојде поради слабеењето на силните […]

Данската ракометна легенда ја завршува кариерата


Познатиот дански ракометар, Микел Хансен, кој неколку пати беше прогласуван за најдобар играч кој некогаш стапнал на теренот, на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата, пренесува данската ТВ2. Поради гореспоменатата одлука, неговиот сегашен клуб Алборг свика вонредна прес-конференција на која Хансен ќе се осврне на неговата одлука да ја прекине кариерата по долги 15 […]

Австриската полиција се огласи за девојчето од снимката кое наликува на исчезнатата Данка


Австриската полиција се огласи по повод видео на кое се гледа девојче кое личи на исчезнатата Данка (2) од Србија. Да потсетиме, помина повеќе од една недела од исчезнувањето на малата Данка, на која и се губи секаква трага во Бањско поле, на истокот на централна Србија. „Не можеме со 100% сигурност да кажеме дали […]

(Во живо) Конвенција на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски


Вечерва, во салата „Борис Трајковски“, со почеток од 20 часот ќе се одржи изборна конвенција на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Конвенцијата ќе се пренесува во живо на дигиталната платформа на кандидатот за претседател Пендаровски, Фејсбук. Проследете ја во живо:

Претседателот на Боцвана ѝ се заканува на Германија: Ќе депортираме 20.000 слонови


Претседателот на Боцвана, Мокгвееци Масиси, се закани дека ќе испрати 20.000 слонови во Германија додека двете земји се расправаат околу увозот на ловечки трофеи. „Нема шега“, изјави тој за германскиот таблоид „Билд“ во вторникот. Масиси ја нападна германската федерална влада, а особено Министерството за животна средина, предводено од министерката на Зелените, Штефи Лемке, поради обидот […]

Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливо победници


По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Движењето Народ на Скендер Реџепи Зејди, ДЕП на Аријан Хоџа, со Турската демократска партија, со Партијата на Унијата на Ромите и со претставниците на Движењето за правда и демократија на Турците на Македонија, со претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, Али Ахмети […]

За претседателските избори во Избирачкиот список запишани 1.814.317 избирачи, за парламентарните 1.815.350


За изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април запишани се 1.814.317 избирачи, додека за парламентарните избори закажани за 8 мај запишани се вкупно 1.815.350 избирачи во Избирачкиот список, информираа од Државната изборна комисија (ДИК). Државната изборна комисија денеска на седница го заклучи Избирачкиот список за спроведување на претседателските и парламентарните […]

МВР: Приведено 29-годишно лице барано со потерница за учество во странска војска


Во понеделникот, во атар на с. Танушевци од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од с. Арачиново кон Косово. Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што […]

Дончиќ може да потпише рекорден договор вреден 346 милиони долари


Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ќе има право да потпише нов рекорд вреден договор во НБА од 346 милиони долари од следното лето. Словенецот веќе го исполни бараниот критериум од 65 одиграни натпревари оваа кампања и веќе може да биде избран во Ол-стар тимот, а доколку тоа се случи, бекот ќе има можност да […]

Кога бебињата почнуваат да си го препознаваат името?


Во текот на првата година, вашето бебе ќе исполни многу пресвртници, а можеби една од највозбудливите е да го препознае и да одговори на неговото име. Најчесто, родителите не можат да го преболат напливот на радост што доаѓа кога нивното малечко ќе ја заврти главата за прв пат откако ќе биде повикано. Препознавањето на имињата […]

Цената на нафтата на највисоко ниво во последните седум месеци


Глобалната цена на нафтата се зголеми во вторникот на највисоко ниво во последните седум месеци, делумно поттикната од загриженоста дека зголемените тензии на Блискиот Исток би можеле да ја намалат понудата. Суровата нафта од типот „брент“, светскиот репер за нафта, се искачи за дури 1,8% до 89 долари за барел, што е највисоко од почетокот […]

2 април во историјата – Аргентина изврши инвазија на Фокландите


  На 2 април 1982 година, Аргентина изврши инвазија на Фокландските Острови, британска колонија од 1892 година и британска сопственост од 1833 година. Аргентинските амфибиски сили брзо го совладаа малиот гарнизон на британските маринци во градот Стенли на Источен Фокланд и следниот ден ги зазедоа зависните територии од Јужна Џорџија и групата Јужен Сендвич. 1.800 […]

Во Копенхаген воведена работна недела од четири дена


Во Копенхаген почна експеримент со воведување работна недела од четири дена, кој ќе трае до крајот на годината, јавуваат локалните медиуми. Во експериментот учествуваат вработени во 14 компании, а по пробниот период би можело четиридневната работна недела трајно да биде воведена, јавува данскиот јавен сервис ДР. Јонас Амитсбол, менаџер во една од компаниите, вели дека […]

„Форбс“ изброја 125 милијардери во Русија – никогаш немало повеќе


  Магазинот „Форбс“ го објави своето годишно рангирање на најбогатите луѓе во светот. Во него се вклучени 125 милијардери од Русија – оваа бројка е рекордна. Пред ова, претходниот рекорд беше поставен во 2021 година – тогаш во рејтингот беа вклучени 121 милијардери од Русија. Веднаш по почетокот на инвазијата на Украина, бројот на руски […]

Храната во Германија поевтини за прв пат од 2015 година


Инфлацијата во Германија забави и во март, храната стана поевтина за прв пат од почетокот на 2015 година и континуиран пад на цените на енергијата, покажа извештајот на заводот за статистика.  Потрошувачките цени во март се повисоки за 2,2 отсто во однос на истиот месец минатата година, прелиминарно пресмета Дестатис. Во февруари тие беа за […]