Нетанјаху призна дека Израел убил седум хуманитарни работници во Газа


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот призна дека во „ненамерен“ израелски воздушен напад загинале „невини луѓе“ во Газа, откако седум работници од Светската централна кујна беа бомбардирани. Хуманитарната организација соопшти дека меѓу загинатите има австралиски, полски и британски државјани. Британскиот премиер Риши Сунак рече дека е „шокиран и тажен“ од смртта на британскиот хуманитарен […]

Трамп издаде обврзница од 175 милиони долари за да избегне запленување на имот


  Доналд Трамп објави обврзница од 175 милиони долари во понеделникот во неговиот случај за граѓанска измама во Њујорк, со што ја запре наплатата на повеќе од 454 милиони долари што ги должи и ја спречи државата да го заплени неговиот имот за да го задоволи долгот додека тој се жали, се вели во судската […]

Расте бројот на загинати во пожарот во Истанбул, издадени налози за апсење на пет лица


Истанбул – Најмалку 29 лица загинаа во пожар што избувна за време на дневни поправки во ноќен клуб во Истанбул, јавија локалните медиуми. Најмалку осум лица се повредени, од кои седум се во тешка состојба, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул. Кабинетот на гувернерот соопшти дека пожарот избувнал во квартот Бешикташ во центарот на Истанбул […]

Пораснаа цените на златото поради тензијата на Блискиот Исток


 Цените на златото пораснаа под влијание на ескалацијата на геополитичките тензии на Блискиот Исток. На физичкиот пазар цената на унца злато порасна за 0,4 отсто на 2.260,7 долари. На американскиот пазар фјучерсите на златото поскапеа за 1,1 отсто, на 2.281,15 долари за унца. Се верува дека инвеститорите биле поттикнати да купат злато од израелскиот воздушен […]

Кандидатска драма во ДИК, Јакимовски не го потпиша Кодексот за етичко однесување


  Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија дојдоа да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, но овој церемонијален настан се претвори во политичка драма. Најпрво, Стевчо Јакимовски најави дека нема да го потпише Кодексот, Билјана Ванковска најави кривична пријава за ДИК и за некои од противкандидатите, Максим Димитриевски ја […]

Како лажните факти за македонскиот јазик ВМРО-ДПМНЕ ги направи дел од агендата за кампањата?


  Ситуациите изгледаа смешни, но во суштина беа лажни вести за да се доведе во заблуда јавноста. Во првиот случај, секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, во дебатата со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер, Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телма во понеделникот тврдеше прилично неуспешно, па дури и пропагандно […]

Три јавни објекти во Кочани ќе добијат фотоволтаични системи за снабдување со струја


 Станицата за пречистување на водата за пиење, средното училиште „Гошо Викентиев“ и основното училиште „Никола Карев“ од Кочани ќе добијат фотоволтаични системи за снабдување со електрична енергија со вкупна моќност од 277,5 киловатчасови. Инвестицијата е дел од проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источен плански регион“, чиј носител е Центарот за развој […]

Втор отворен повик за предлози за фондот за интегрирано образование


Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија втор повик за предлози во рамки на проектот на Мисијата „Градење нови мостови“, кој е дизајниран да ги подобри односите меѓу младите со различно потекло и јазици во текот на училишниот ден и преку заеднички наставни активности. – Повикот е за Фондот за интегрирано образование, […]

Папата Франциско ги најави плановите за неговиот погреб, телото нема да биде изложено


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска најави дека кога ќе биде погребан, неговото тело нема да биде изложено на бдение, ниту пак ќе има украсена дрвена клада која го поддржува ковчегот на угледни личности на католичките погреби. „Разговарав со мајсторот на церемонијата и го отстранивме ова и многу други работи, бидејќи ритуалот (на погребот […]

Младите незаинтересирани и неактивни во политиката и активизмот


Над две третини од младите во земјава немаат интерес да се вклучат ниту во политички партии, ниту во граѓански организации, ниту во каков било општествен активизам. Ова е аларм, но очигледно недоволно вклучен или аларм што се јавува само во програмите на политичките партии и само пред избори. Тоа мора да се промени, зашто младите […]

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Валандово


Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се проширува и во Валандово. Градоначалникот на општината, Перо Костадинов, и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска потпишаа меморандум за соработка со цел поефикасна реализација на активностите. Во нивни рамки, учениците ќе се здобијат со знаења преку работилници против булинг, а […]

Гугл ќе избрише милијарди податоци од пребарување во рамки на судска спогодба


Американската технолошка корпорација Гугл ќе избрише милијарди податоци од интернет пребарувањето на корисници како дел од спогодбата со која ќе се стави крај на групната тужба против компанијата. Условите на спогодбата беа објавени за првпат во судски поднесок во Сан Франциско, пренесува Си-Ен-Ен. „Гугл“ мора да избрише „милиони записи со податоци“ кои произлегуваат од пребарување […]

ЕУ блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 за Албанија, поради злоупотреба на претходно добиени средства


Поради злоупотреба на претходно доделени средства, Европската унија блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 грантови за помош на албанското земјоделство, јави Ора њуз. Во ноември минатата година објавено беше дека експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан. […]

Нема да се одржат мастер дебатите на претседателските кандидати


  Од изборниот штаб на  Стево Пендаровски објавија дека нема да се одржат најавените мастер дебати со сите претседателски кандидати.   „Изминатиот период, преку интензивна комуникација на изборните штабови на сите седум претседателски кандидати беше постигнат консензус за одржување на две големи т.н. ‘мастер дебати’. На тој начин, во духот на демократијата и транспарентноста, јавноста […]

Авиолинија Скопје-Крф од 1 јуни со Ејџијан Ерлајнс


Директна сезонска авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф  ќе биде воведена од 1 јуни годинава. Патувањето до оваа  летна дестинација ќе трае еден час и 15-тина минути, објави денеска ТАВ Македонија, операторот на македонските аеродроми. На линијата Скопје-Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија Ејџијан Ерлајс, до крајот на септември, со две неделни фреквенции, […]

Прогласена епидемија на пертусис во Куманово


Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово. – Земајќи го предвид зголемениот број на заболени од „голема кашлица“ епидемиолошка поврзаност сметаме дека треба да […]

Одложено судењето против Димитриевски: „Оваа фарса е поради изборите“


Поради измена на обвинителниот предмет, необезбедени процесни гараници, доцно доставување на доказите, се одложи првото рочиште во кумановскиот суд против градоначалникот Максим Димитриевски, кој е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување. -Ова за мене не е прв пат. Значи, секогаш во пресрет на избори, а таков беше случајот и за време на локалните […]

Изборите кај нас и во Европа причина повеќе за ширење на дезинформации


Антидезинформациската мрежа на Балканот денеска во Скопје одржува конференција насловена како „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“, со која го одбележува 2 Април – Меѓународен ден за проверка на факти. Евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на конференцијата истакна дека поради изборите веќе гледа како штетни влијанија се вршат […]

Почина едно од трите ранети деца во училиштето во Финска


Едно 12-годишно дете загина откако беше застрелано во основно училиште во финскиот град Вантаа, во близина на Хелсинки, соопшти денеска финската полиција, пренесе ДПА. Други две 12-годишници се тешко повредени, соопшти полицијата. Службите за итни случаи уапсија еден 12-годишен ученик пред училиштето. Осомничениот сторител со себе имал огнено оружје. Полицијата соопшти дека апсењето поминало без […]

Последниот дом во Париз на Карл Лагерфелд продаден за 10 милиони евра на анонимен купувач


Во последните 13 години од својот живот, модниот дизајнер Карл Лагерфелд со германско потекло живееше во впечатлив стан на левиот брег на Париз. Извонредно плодниот поранешен креативен директор на Шанел и Фенди, кој исто така управуваше со сопствената истоимена етикета, почина во 2019 година на 85-годишна возраст и сега, неговиот екстравагантен дом  официјално има нов […]