Жестока дебата меѓу Пендаровски и Силјановска. Транзициското профитерство го одбележа дуелот


  Првата меѓусебна дебата меѓу двајцата кандидати во вториот кру на претседателските избори беше речиси без пардон, со остри меѓусебни обвинувања, со забелешки кој правел и кој што не правел во минатото. И Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова беа напрегнати во дебатата на ТВ 21, а на моменти и нервозни. И тоа не можеше да […]

Вреди“ нема да ја поддржи Силјановска ако ВМРО-ДПМНЕ не се огради од нејзината реторика


Иако секојдневното се испраќаат пораки меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди” за соработка во идна влада, еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити денеска остро реагираше на дел од говорот од Гордана Силјановска Давкова која вчера зборувала за војната во 2001. Меџити во гостување на ТВ Сител, изјави дека не би ја поддржале кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ доколку […]

Пожар во руската Република Бурјатија зафатил 20 станбени згради


Руските пожарникари го локализираа пожарот што зафати 20 станбени и комунални згради во руската југоисточна република Бурјатија, но нема извештаи за повредени или жртви. „Министерството за вонредни ситуации ги зголемува силите и ресурсите на лице место“, соопшти Министерството, пренесоа руските медиуми. Соопштено е дека од пожарот биле зафатени околу 10.000 квадратни километри. Федералната шумска служба […]

Американската ДЕА предлага чекор кон декриминализација на марихуаната


Американската управа за борба против дрогата (ДЕА) ќе ја промени класификацијата на марихуаната и ќе ја назначи како помалку опасна дрога, јавија американските медиуми. Доколку предлогот на ДЕА мине низ законодавните лавиринти тоа ќе биде историска промена во повеќедецениската политика за дроги во САД која би можела да има последици низ целата земја, додаваат американските […]

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана


Советот на општина Тирана на денешната седница донесе одлука со која за почесен граѓанин го прогласи претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, јавија медиумите. – На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Советот на општина Тирана денеска едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на албанскиот политичар Али Ахмети, во знак на благодарност […]

Антикорупциска вели дека Вишиот управен суд ја одбил жалбата на АСЈО, во мирување приемот на нови слушатели


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека Вишиот управен суд ја потврдил одлуката во врска со приговорот од организатор на изборна кампања за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.  – Вишиот Управен суд донесе пресуда со која се одби жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, со што […]

Во овој град нудистите ќе можат да се венчаат на плажа: невестата и младоженецот ќе носат само превез


Сардинскиот град Сан Веро Милис ќе им дозволи на нудистите да се венчаат на плажа. Градоначалникот на Сан Веро Милиса, Луиџи Тедески рече дека одобрувањето нудистички свадби на локалната плажа Шел, една од осумте нудистички плажи на Сардинија од вкупно 23 во Италија, е „прашање на еднаквост“, објави Анса. „Сите невести ќе мора да носат […]

Лејкерси ќе се разделат со тренерот Дарвин Хам


Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Дарвин Хам наскоро ќе добие отказ, објавија американските медиуми. Разделбата со главниот тренер доаѓа по елиминацијата во првото коло од плејофот по поразот од НБА шампионот Денвер Нагетс со 1:4. Лејкерси водеа на полувремето во сите пет натпревари, но така и не можеа да најдат одговор за бекот на Денвер, […]

Трамп казнет со 9.000 долари за нарушување на молкот околу судењето во Њујорк


Судијата Хуан Мерчан пресуди денеска на судењето во Њујорк дека поранешниот претседател Доналд Трамп направил престап со тоа што како обвинет во овој процес го нарушил молкот. Според наредбата, Трамп до крајот на оваа недела треба да плати 9.000 долари казна поради тоа што низ социјалните мрежи и на неговата кампањска страница именувал и критикувал […]

Здравиот начин на живот ја неутрализира генетиката за повеќе од 60 проценти


Здравиот начин на живот може да го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија што го направи тоа. Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан. Исто така, добро е познато дека факторите на животниот […]

Судијата Иван Џолев нов претседател на Здружението на судиите


Актуелниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, судијата Иван Џолев денеска е избран за претседател на Здружението на судиите на Република Северна Македонија. – Денеска на редовно изборно Собрание во присуство на делегати од судски подружници, Здружението на судиите на Република Северна Македонија го избра судијата Иван Џолев за нов претседател, соопшти попладнево Здружението на […]

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира ЗСО


Европската унија очекува властите во Приштина без одлагање да ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано. -Го повикуваме Косово без натамошно одлагање да продолжи со формирањето на Заедницата на српски општини во согласност со Нацрт-статутот на ЕУ, кажа Стано за Радио Слободна Европа (РСЕ). Тој апелираше до Белград и […]

Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање


Чешката влада денеска ги одобри реформите на пензискиот систем, со кои се зголеми старосната граница за пензионирање и се намалува висината на пензиите за идните пензионери. Реформите се усвоени со цел да се заштедат милијарди долари буџетски средства, а старосната граница се поместува за седум месеци, односно од 65 години на 65 години и седум […]

Се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје


Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје предвидени во договорот кој на почетокот на годината МОН го потпиша со австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, започнаа да се реализираат на терен. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе […]

Ден на ,,станушина” на 11 мај во Кавадарци


 Ден на ,,станушина” е насловена манифестацијата што ќе се реализира во Кавадарци на 11 мај, во организација на Здружението ,,Македонски семејни винарии“.  Од Здружението вечерва соопштија дека станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје.  – Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено […]

Ова е најлошата храна за бебиња што треба да се избегнува


Оброците што се направени за бебиња мора да бидат здрави и хранливи. Некоја храна за бебиња во основа е целосно безвредна и нездрава. Обично тоа е храна богата со калории, шеќер или сол и ниска содржина на хранливи материи. Овој нутритивен дефицит може дури и да го попречи нивниот развој. Затоа е важно да знаете […]

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП


 Министерството за финансии денеска ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци, јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6 отсто од БДП. – Во првиот квартал се издадени државни хартии од вредност во износ од 219,2 милиони евра, повлечени се средства во износ од […]

РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава


Само 2,75 проценти од потребите за електрична енергија е обезбедена од увоз изминатата година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2023 година што Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) го достави до Собранието на Република Северна Македонија, соопштија денеска од РКЕ. – По 32 години независна […]

Пад на прометот во трговијата на мало со автомобилски горива


Пад на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 5,2 проценти, а реално за 5,1 процент, регистрира Државниот завод за статистика во март годинава во однос на  март лани.  ДЗС денеска објави дека во трговијата на мало гледано по групи и класи зголемување на прометот е забележано во групите:  Трговија на […]

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер


Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин […]