Во овој град нудистите ќе можат да се венчаат на плажа: невестата и младоженецот ќе носат само превез


Сардинскиот град Сан Веро Милис ќе им дозволи на нудистите да се венчаат на плажа.

Градоначалникот на Сан Веро Милиса, Луиџи Тедески рече дека одобрувањето нудистички свадби на локалната плажа Шел, една од осумте нудистички плажи на Сардинија од вкупно 23 во Италија, е „прашање на еднаквост“, објави Анса.

„Сите невести ќе мора да носат превез за да ја почитуваат традицијата“, рече тој.

Одлуката е донесена по барање на двајца германски туристи-натуристи.