ЕУ блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 за Албанија, поради злоупотреба на претходно добиени средства


Поради злоупотреба на претходно доделени средства, Европската унија блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 грантови за помош на албанското земјоделство, јави Ора њуз.

Во ноември минатата година објавено беше дека експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан.

-Поради ваквата загрижувачка состојба, Агенцијата за земјоделство и рурален развој, започна длабинска истрага околу распределбата на средствата. Злоупотребата на фондовите на ЕУ се покажа дека е „страшна“, бидејќи Агенцијата откри 98 субјекти кои извршиле злоупотреба и побара враќање на средствата, наведува телевизијата.

Според истиот извор 73 корисници рекле дека ќе да ги вратат добиените средства, но тоа не го сториле, додека 25 други воопшто не се согласиле.

Во меѓувреме Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК покрена истрага за злоупотреба на фондовите на ЕУ.

Вкупниот износ на неправилности констатирани во 7 балкански земји е околу 47 милиони евра, од кои 71 отсто и припаѓаат на Албанија и 13 милиони евра или 29 отсто во 6 други земји, како Турција, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија.