Храната во Германија поевтини за прв пат од 2015 година


Инфлацијата во Германија забави и во март, храната стана поевтина за прв пат од почетокот на 2015 година и континуиран пад на цените на енергијата, покажа извештајот на заводот за статистика. 

Потрошувачките цени во март се повисоки за 2,2 отсто во однос на истиот месец минатата година, прелиминарно пресмета Дестатис.

Во февруари тие беа за 2,5 отсто повисоки од пред една година, покажуваат табелите на заводот за статистика.

Стапката на инфлација се намали во март на ниво од мај 2021 година, забележува заводот за статистика.

На месечно ниво, потрошувачките цени во најголемата европска економија пораснаа, според прелиминарните и моментално достапни податоци, за 0,4 отсто, со исто темпо како и во февруари, покажуваат табелите на Дестатис.

Во март, според првата проценка на Дестатис, цените на храната паднаа на годишна основа за прв пат од февруари 2015 година, за 0,7 отсто. Во февруари таа беше за 0,9 отсто поскапа од претходната година.

Германските домаќинства во март потрошиле 2,7 отсто помалку на енергија и моторни горива отколку во истиот месец минатата година, пресметале статистичарите. Во февруари тие застанаа на 2,4 отсто помалку од една година порано.

Нивните цени паднаа и покрај укинувањето на ценовната граница и поскапувањето на јаглерод диоксидот, истакнува Дестатис. Дека поевтинуваат трет месец по ред покажуваат и табелите.

Услугите повторно поскапеа, за 3,7 отсто, нешто посилно од февруари.

Базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, беше 3,3 отсто во март и беше за 0,1 процентен поен пониска отколку во февруари.

Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој се користи за споредба со другите земји од Европската унија, во март покажа пораст на цените од 2,3 отсто во однос на истиот месец лани. Во февруари цените мерени со ХИЦП беа за 2,7 отсто повисоки на годишна основа.

На месечно ниво, ХИЦП прелиминарно бележи пораст на цените од 0,6 отсто, како и во февруари.