Преполна сала за конвенцијата на Стево Пендаровски (Галерија)


 

Во тек е конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, актуелниот шеф на државата, што се одржува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Салата е преполна со поддржувачи на Пендаровски и на коалицијата на СДСМ што дојдоа од цела Македонија. 

На конвенцијата дојде и поранешниот премиер Зоран Заев, кој беше пречекан со големи овации од присутните.

Доаѓањето на Пендаровски беше поздравено со тапани.

Прв зборуваше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, а на бината се појавиja и лидерите на партиите кои се во коалиција со социјадемократите.