Со „трипл-дабл“ ефект Трајковски го поведе Феникс кон нов триумф против Работнички


Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Трајковски викендов го предводеше Феникс до гостинска победа над Работнички со 87:79.   Трајковски натпреварот го заврши со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции. Најефикасен кај Феникс беше Џонс со 20 поени.   Кај Работнички најмногу поени – 21 постигна Рикиќ. На другите пет натпревари од 10.коло во Првата кошаркарска […]

Силуван малолетник во скопски Центар


Деца силувале дете во Скопје, а таткото на момчето пријавил во полиција. Имрно, маж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син. Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син […]

Русија со дронови ја нападна Украина


 Русија во текот на ноќта лансираше 12 дронови и крстосувачка ракета врз Украина, а украинскиот противвоздушен систем уништи 10 од дроновите пред да ја погодат целта, соопштија украинските воздухопловни сили. Крстосувачката ракета не била уништена, но не ја погодила целта, соопштија претставници на воздухопловните сили без да дадат дополнителни детали. Не беше кажано што се […]

Нападнати туристи во Париз: Загина германски државјанин


Еден маж е убиен, а двајца се повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот ги нападнал туристите околу Кеј де Гренел, недалеку од Ајфеловата кула. Тој додаде дека уапсениот 26-годишен француски државјанин од претходно им бил познат на безбедносните […]

Променливо облачно со локални врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието повремено ќе засилува. Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне […]

Струмица два дена со надминат праг на аерозагадување – на сила стапија мерките


Во Струмица стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување, бидејки два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Мерењата од станицата на МЖСПП покажале дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрограми […]

Преговорите меѓу Израел и Хамас пропаднаа околу ослободувањето на жените


  Преговорите меѓу Израел и Хамас за заложниците заробени во Газа пропаднаа во саботата, откако Израел продолжи да инсистира на ослободување на група жени, а Хамас одби, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со разговорите. Како што преговорите застанаа во ќор-сокак околу жените, Хамас се заложи за почеток на преговори за ослободување на мажите – веројатно […]

Пругата кон Бугарија интензивно се гради


  Интензивно се гради железничката пруга од Куманово до Бељаковце, надлежните се задоволни од динамиката. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на ЈП ЖРСМ, Зоран Трифуновски денеска извршија увид во работата на изградбата на пругата во кумановската населба Перо Чичо. Изградба на првата фаза односно делницата […]

Македонија ќе произведува четири вида дронови според НАТО стандарди


  Четири видови дронови наскоро ќе почнат да се произведуваат во Македонија, најави премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на фабриката „АТС АММО“ во Самоков. Дроновите ќе бидат според НАТО стандардите, а ќе имаат повеќе намени. „Ќе се започне со сериско производство на четири видови на дронови кои ќе бидат опремени со вештачка интелигенција, кои што […]

Трибини на СДСМ за подигнување на свеста за женското и машкото здравје


  СДСМ во текот на oктомври и организираше трибини за подгнување на свеста за машкото и женското здравје на коишто  акцентот беше ставен на самото значење на превенцијата и кога да се јават на навремен преглед граѓаните и покрај тоа СДСМ превзема мерки и политики за заштита на здравјто на граѓаните. Караванот „Не чекај, превенирај’’ […]

Пет лица приведени во врска со исчезнувањето на Вања Ѓорческа


  Пет лица се приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања дали има напредок во истрагата за девојчето. „Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се […]

Никој никого нема да уценува за датумот на изборите, смета премиерот


  Успешна лидерска средба значи дека политичките партии ќе седнат на маса и нема да постои уценување од една политичка партија кон друга, смета премиерот Димитар Ковачевски. За одржување на изборите, Ковачевски посочи дека финалниот збор ќе го кажат партиите, а во однос на техничката влада, не постои консензуално расположение кај партиите за нејзино укинување. […]

Процесот за уставните измени не завршува на 31 декември, вели Ковачевски


  Седницата за уставните амандмани е отворена, дневниот ред е изгласан и се отвори дискусија во која што сите граѓани се уверија дека немаше ниту една забелешка во однос на поднесените амандмани. Процесот по 31 декември не се затвора. Тој ќе биде отворен се додека не биде реализирана обврската која Македонија ја има согласно преговарачката […]

Државите од Западен Балкан годинава ќе ја завршат со раст на БДП од 2,2 отсто


  Земјите од Западен Балкан оваа година ќе ја завршат со раст на бруто домашниот производ (БДП) од 2,2 отсто, а Европската банка за обнова и развој предвидува дека растот на економијата на регионот следната година ќе биде 3,4 отсто, додека растот на БДП на Србија во 2024 година би можел да биде 3,5 отсто, […]

Снежна апокалипса во Баварија


  Снегот и мразот предизвикаа хаос во јужна Германија. Летовите на аеродромот во Минхен се привремено прекинати. Како што соопшти портпаролот во саботата наутро, зимската служба е во акција за да се обезбеди безбедно работење. Според германската метеоролошка служба, времето ќе остане зимско. До попладневните часови во Баварија се очекуваат врнежи од снег, понекаде обилни. […]

Мицкоски е во право, не треба да се вели „никогаш“


Оној испланиран троцкистички гнев на двајцата пратеници на Левица на пултот на собранискиот спикер кога се усвојуваше новиот Деловник за работата на Собранието ги отвори широко вратите на кампањата за изборите, иако до нив има уште шест месеци. Таа врата дотогаш беше подотворена, но оттогаш двете нејзини крила се раширени, низ нив почна да дува […]

И Охридскиот договор ќе биде еден од условите за Србија кон ЕУ


  Европската унија формално ќе побара од Европската комисија да ги вклучи обврските од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел.  Во нацрт-заклучоците, во кои Радио Слободна Европа имало увид се вели дека „Советот бара од Комисијата и високиот претставник итно да му […]

Добрила Кацарска во Уставниот суд на Словенија разговараше за уставната жалба


  Претставници на Уставниот суд и на Институтот за човекови права остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Словенија Матеј Ацето и судиите Шпелца Межнар и Катја Шубман Стагс. Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се интересираше за третманот на основните слободи и права од аспект на уставното судство, за улогата и постапката […]

Марк Руте: Фаворит за главната функција во НАТО, но неизвесно е дали ќе ја добие


  На помалку од една година до крајот, поранешниот холандски премиер Марк Руте стана фаворит во трката за наследник на генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг. Но, неформалните критериуми за избор уште еднаш ја осветлија сложеноста на процесот. Лидерската дебата на НАТО се вжештува бидејќи Столтенберг треба да се повлече од функцијата следниот […]

На Трамп може да му се суди за настаните на Капитолот, одлучи судијата


  Доналд Трамп не е имун од гонење во неговиот случај за мешање во изборите во Вашингтон, пресуди федералниот судија во петокот, отфрлајќи го обидот на републиканецот да го попречи случајот што го товари за заговор за поништување на претседателските избори во 2020 година. Одлуката на американската окружна судијка Тања Чаткан значи остро отфрлање на […]