Силуван малолетник во скопски Центар


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Деца силувале дете во Скопје, а таткото на момчето пријавил во полиција. Имрно, маж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син.

Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.