Пругата кон Бугарија интензивно се гради

Делницата од Куманово до Бељаковце е завршена 44 проценти, додека од Бељаковце до Крива Паланка 12 проценти


Дел од пругата што е во изградба во кумановската населба Перо Чичо

 

Интензивно се гради железничката пруга од Куманово до Бељаковце, надлежните се задоволни од динамиката. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на ЈП ЖРСМ, Зоран Трифуновски денеска извршија увид во работата на изградбата на пругата во кумановската населба Перо Чичо. Изградба на првата фаза односно делницата од Куманово до Бељаковце во должина до 31 километар е во вредност од 40 милиони евра.

Изградбата на железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата со Бугарија е инвестиција од преку 700 милиони евра. Бочварски рече дека ова е сериозна вложување и значењето на Коридорот 8 како дел од европската транспортна мрежа и тој е вграден г на мапата на европски коридори.

Според Бочварски, реализација е 44 проценти и ток очекува да се заврши до рокот, октомври 2024 година.

За втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка инвестирани се 155 милиони евра за изградба на 34 километри нова пруга. Во тој дел, како што истакна, надминати се најголем дел од предизвиците и се работи со прогрес од 12 проценти.

„Можам оттука да најавам е дека оваа пруга ќе биде оперативна до крајот на наредната година, кога ќе биде завршена првата делница. Тендерската постапка за третата фаза од Крива Паланка до границата со Бугарија е во заршна фаза. Очекуваме до крајот на годинава да биде распишана тендерска постапка за избор на изведувач на најкомплексната делница на железничката пруга, трета фаза од Крива Паланка до Бугарија“, изјави Бочварски.

Тој очекува брз развој и економски раст за компаниите, наведе дека го разбира скептицизмот за изградба на железницата, укажувајќи дека се комплексни проекти.

Бочварски рече дека е формирана мешовитата комисија на Македонија и Србија која започнала да работи на плановите за изградба на брза пруга од Белград до Скопје со крак до аеродромот во Скопје, завршено е со рехабилитација на дел од јужниот коридор 10 на потег од Неготино до Ногаевци.

„Собранието веќе го изгласа Законот за либерализација во железничкиот сообраќај, процес со кој очекуваме да влезат нови оператори кои ќе возат по македонските пруги И со сите овие проекти и мерки даваме силен инпут во создавање на нов железнички систем кој паралелно ќе се развива и со другите железници во регионот“, кажа министерот.

Министерот зборуваше и за патната инфраструкура на овој коридор велејќи дека привршува проширувањето на третата лента од Крива Паланка до Деве Баир, експресниот пат од Ранковце до Крива Паланкаво е во завршна фаза, завршен Куманово-Страцин и обиколницата на Куманово со мостот како и „Искрин Мост“.

Директорот на ЈП ЖРСМ, Зоран Трифуновски посочи дека локацијата каде што се врши уводот е на десетиот километар.

„Со изведувачите сме стигнати до 44 проценти во изведбата. Тука е стојалиштето ‘Перо Чичо’ има три станици до Бељаковце. Ќе стигнеме до предвидениот рок за изградба на ЛОТ 1“, рече Трифуновски.

Тој рече дека на оваа делница целосно е завршена експропријацијата, дека соработуваат со граѓаните во местата каде што поминува пругата, се дава приоритет на животната средина. Во овој дел, како што нагласи, ќе има звучна заштита, подвозник за потребите на месното население, кое во иднина ќе има бенефит.