Трибини на СДСМ за подигнување на свеста за женското и машкото здравје


Од трибината во Битола

 

СДСМ во текот на oктомври и организираше трибини за подгнување на свеста за машкото и женското здравје на коишто  акцентот беше ставен на самото значење на превенцијата и кога да се јават на навремен преглед граѓаните и покрај тоа СДСМ превзема мерки и политики за заштита на здравјто на граѓаните.

Караванот „Не чекај, превенирај’’ се одржуваше во поголемите градови во Македонија на кои гласно говореа познати доктори, специјалисти упатувајќи јасен апел до граѓаните дека секое безболно топче (тумефакт) може да доведе до јасни компликации и да предизвика импакт врз нивното здравје. На трибините говореа д-р Венко Филипче, д-р Калина Гривчева-Страделова,  д-р Сашо Дохчев, д-р Гордана Антулевска–Белчевска, д-р Христијан Костов,  д–р Елизабета Чипуровска и д-р Маја Манолева, заменик-министерка за здравство,   д-р Ана Данева-Маркова и д-р Диме Коцев.

Докторите, со своето долгогодишно искуство во клиничката пракса, упатија пораки за  навремените прегледи, посочувајќи на тоа дека тие се клучен елемент за здравствената состојба на секој поединец. Целта е да се подигне свеста на граѓаните без разлика на нивната припадност, а со самото тоа да се зачува и нивното здравје – бидејќи здравјето е најмоќното оружје  со коешто може да располага секој еден човек.